Европа
Напаѓачoт од Лондон 5 пати прободел Полјак кој свесно се жртвувал

Во терористичкиот напад што се случи во Лондон во петокот се појавија неколку херои кои бестрашно му се спротивставија на Усман Кан, човекот кој прободе двајца со ножеви и повреди повеќе луѓе на Лондонскиот мост.
Еден од хероите е Томас Греј (24), за кого веќе пишуваа медиумите, а подоцна е откриен и другиот – Полјакот Лукаш, кој и самиот бил повреден, но не се откажал од тоа да го совлада Кан.
Лукаш, исто така, чека официјално признание во матичната земја за неговата „пожртвуваност и храброст“.
Тој имал дури пет убодни рани, но не се откажал од борбата и така, всушност, „купил време“ за нападнатите граѓани да побегнат.
Новинарите не можеле да дојдат до него, но целиот случај им го раскажал неговиот колега.
„Тој миеше чаши во подрумот и ги слушна вресоците кои доаѓаат. Бидејќи беше обучуван за прва помош, тој свесно се упати кон местото на нападот. Тој видел дека еден терорист држи два ножа, при што жртвите врескале“, рече тој.
„Меѓу нив двајца започнува жестока борба, а Лукаш добива пет убоди од нож. Иако беше сериозно повреден, тој не се откажа ниту една минута“, продолжува колегата.
Потоа на помош на Полјакот му дошле уште две или три лица и борбата продолжила. Сето тоа завршило со пукање, во кое беше убиен терористот, но, за жал, неговиот неконтролиран чин однесе два млади животи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.