Свет
НАСА: За 30 години одредени делови од Шпанија ќе бидат претопли за живеење, што ќе го загрози здравјето на луѓето
НАСА денеска издаде предупредување дека одредени делови на Шпанија, вклучувајќи ги Мадрид, Валенсија и Андалузија, ќе бидат премногу топли за живеење за 30 години поради климатските промени.
Студијата на НАСА со наслов „Премногу жешко: како климатските промени може да ги направат некои места премногу жешки за живеење“ предупредува дека, освен делови од Шпанија, до 2050 година областите како Јужна Азија, Персискиот Залив, Црвеното Море и источна Кина ќе бидат исто толку топли што животот нема да биде одржлив.
Во исто време студијата забележува дека слични температури ќе погодат делови од Југоисточна Азија и Бразил до 2070 година, пренесува „Јуровикли“. Настаните, како топлотниот бран во Европа во 2003 година, кој однесе повеќе од 70.000 животи, ќе станат почести и потешки од 2040.
Луѓето што веќе живеат на жешките места ќе мора да се приспособат на уште подолги периоди на топлотни бранови, а оние што живеат во постудените градови ќе бидат изложени на екстремна топлина на која не се навикнати“, велат експертите.
Експертите предупредуваат дека големите градови ќе мора да се приспособат пред 2050 година, особено кога станува збор за соодветна климатизација, како и дека е неопходно да се реши проблемот со недостигот на зелени површини во урбаните региони. Здравствените проблеми, како дехидрација, топлотен удар и кардиоваскуларните заболувања, ќе станат почести, предупредуваат експертите, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години
Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп.
На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави дека таков потег е дозволен, но дека тој нема да го преземе: „Не мислам дека на луѓето ќе им се допадне“
Според 22-от амандман на Уставот на САД, претседателот може да служи максимум два мандати. Сепак, капи со натпис „Трамп 2028“ беа видени на неодамнешни настани во Белата куќа.
Регион
Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција „ќе роди“ 83 дигитални помошници за парламентот
Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека нивната министерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Диела, ќе „роди“ 83 дигитални помошници кои ќе работат како виртуелни асистенти на пратениците од Социјалистичката партија.
Според Рама, тие асистенти ќе ја подобрат ефикасноста и транспарентноста на парламентот, водејќи евиденција за седниците, подготвувајќи анализи и предлагајќи политики засновани на податоци.
Диела, која беше именувана во мај 2025 година, е првата виртуелна министерка во светот создадена со помош на вештачка интелигенција. Нејзината задача е да ја следи законитоста и транспарентноста на државните тендери и да спречи корупција, со користење алгоритми што одлучуваат без човечко влијание.
Рама ја опиша иницијативата како чекор кон „целосно транспарентна и безкорупциска“ администрација, а метафората за „трудна министерка“ симболично го претставува ширењето на вештачката интелигенција во повеќе сектори на управувањето во Тирана.
Свет
Орбан оди кај Трамп поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела ќе отпатува во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и да разговара за санкциите против руската нафтена индустрија, изјавил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Сијарто рече дека Унгарија оваа недела ќе ја анализира „правната и физичката последица“ од санкциите што САД ги воведоа против руските компании минатата недела, додавајќи дека Орбан ќе може лично да разговара со Трамп ако биде потребно.
Средбата треба да се одржи во втората половина на следната недела, но точниот датум не е познат.
Трамп претходно изјави дека Европа мора целосно да се откаже од руската нафта и гас и воведе санкции против „Росњефт“ и „Лукоил“, додека Орбан најави дека Унгарија ќе бара начини да ги заобиколи американските ограничувања.

