Свет
НАСА им забрани на кинеските граѓани да работат на вселенски програми
Американската вселенска агенција НАСА почна да спроведува забрана за кинеските граѓани да работат на нејзините програми, дури и за оние со важечки визи, што дополнително го нагласува интензивирањето на вселенската трка меѓу САД и Кина, пишува „Гардијан“.
Оваа промена на политиката, која првпат ја објави „Блумберг њуз“, ја потврди самата НАСА.
„НАСА презеде внатрешни мерки поврзани со кинеските државјани, вклучително и ограничување на физичкиот и на сајбер-пристапот до нашите објекти, материјали и мрежа за да се обезбеди безбедноста на нашата работа“, изјави портпаролката на агенцијата, Бетани Стивенс.
Според „Блумберг“, на кинеските државјани претходно им било дозволено да работат како надворешни соработници или студенти, кои придонесуваат за истражување, иако не можеле да бидат вработени. Сепак, ситуацијата драстично се промени на 5 септември кога неколку лица, зборувајќи анонимно, потврдија дека одеднаш им е одбиен пристапот до ИТ-системи и им е забрането да присуствуваат на состаноци.
Оваа одлука доаѓа во услови на зголемена антикинеска реторика од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во време кога САД и Кина се натпреваруваат кој ќе биде прв што повторно ќе испрати човечки екипаж на Месечината.
Американската програма „Артемис“, наследник на легендарната програма „Аполо“, има цел слетување во 2027 година, но се соочува со пречекорување на трошоците и значителни одложувања.
Од друга страна, Кина планира да ги спушти своите таиконаути на Месечината до 2030 година.
„Во моментот сме во уште една вселенска трка“, изјави минатата недела вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи.
„Кинезите сакаат да се вратат на Месечината пред нас. Тоа нема да се случи. Америка водела во вселената во минатото и ќе продолжиме да водиме во вселената и во иднина“.
Покрај Месечината, Кина има амбиции да стане првата земја што ќе донесе примероци од површината на Марс. Планира оваа роботска мисија да се лансира во 2028 година, а враќањето на Земјата треба да биде веќе во 2031 година.
Во исто време, со својот предлог за буџет администрацијата на Трамп сигнализира дека има намера да ја откаже планираната мисија за донесување примероци од Марс (MSR), што е заеднички проект со Европската вселенска агенција. Оваа задача би можела да ја изврши мисија со екипаж, но конкретните детали сè уште не се познати.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

