Свет
НАСА објави фотографии, Газа потона во темнина
Израел денеска соопшти дека нема да пушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници откога Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за преполните болници да не се претворат во мртовечници.
Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас, кое владее со Појасот Газа, како одмазда за најсмртоносниот напад врз Евреите од холокаустот кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата убивајќи најмалку 1.300 луѓе, главно цивили, и зедоа десетици заложници.
Израел одговори со ставање на енклавата, дом на 2,3 милиона луѓе, под целосна опсада и го почна најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на израелско-палестинскиот конфликт уништувајќи цели населби. Исклучена е единствената електрична централа, а на болниците им снемува гориво за генераторите за итни случаи.

Сателитските фотографии објавени од НАСА покажуваат дека Газа била осветлена на 6 октомври за да потоне во темнина по нападот на Хамас. Снимката на која се гледа Газа во темнина е направена на 11 октомври.

Властите во Појасот Газа соопштија дека повеќе од 1.200 луѓе се убиени, а повеќе од 5.000 се ранети во бомбардирањата.
„Човечката беда предизвикана од оваа ескалација е ужасна и ги молам страните да го намалат страдањето на цивилите“, рече во четвртокот Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
„Како што Газа ја губи струјата, болниците ја губат електричната енергија ставајќи ги во опасност новороденчињата во инкубатори и постарите пациенти на респиратори. Дијализата на бубрезите престанува, а рендген не може да се направи. „Без струја, болниците ризикуваат да се претворат во мртовечници“, додаде тој.
Израелскиот министер за енергетика, Кац, изјави дека нема да има исклучоци за хуманитарна помош во опсадата додека не бидат ослободени израелските заложници, пишува „Индекс.хр“.
„Хуманитарна помош за Газа? Нема да се подигне ниту еден електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода, ниту камион со гориво нема да влезе додека израелските заложници не се вратат дома. Хуманитарно за хуманитарно. И никој да не зборува со нас за морал“, објави Кац на платформата Х („Твитер“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

