Европа
НАТО: Ќе ја поддржиме авганистанската влада колку што е тоа можно

За време на консултациите за ситуацијата во Авганистан, сојузниците на НАТО денеска го осудија насилството што ескалира со офанзивата на талибанците во таа земја и рекоа дека остануваат посветени на поддршката за политичко решение на конфликтот.
Како што е наведено во соопштението по состанокот, Северноатлантскиот сојуз продолжува да ги оценува случувањата на терен и е во постојан контакт со авганистанските власти и со остатокот од меѓународната заедница.
Целта на НАТО е непроменета и пактот настојува да ги поддржи авганистанската влада и безбедносните сили колку што е можно, а безбедноста на персоналот на НАТО е примарна задача за алијансата.
НАТО нагласи дека ќе задржи дипломатско присуство во Кабул и дека ќе се приспособи на ситуацијата доколку е потребно.
Сојузниците соопштија дека се длабоко загрижени за високото ниво на насилство предизвикано од офанзивата на талибанците, која вклучува напади врз цивили, насочени убиства и извештаи за други сериозни прекршувања на човековите права.
„Талибанците мора да разберат дека меѓународната заедница нема да ги признае ако ја преземат земјата со сила“, се заклучува во соопштението на НАТО.
Талибанците денеска ја вратија контролата врз голем дел од Авганистан откако зазедоа главни градови на уште четири провинции во молскавичната офанзива, која постепено го опкружува Кабул, само неколку недели пред САД официјално да го завршат повлекувањето на трупите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Украина и САД работат на склучување економски договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна во петокот дека официјални лица од неговата земја и САД работат на склучување економски договор за да се осигураат дека тој е ефективен и праведен кон Киев.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Вашингтон дека преговарачите се блиску до финализирање на договорот.
Зеленски го отфрли првичниот предлог, кој се фокусираше на соработката во областа на минералите, велејќи дека тоа е „не сериозен разговор“ и не е во интерес на Украина.
Today, Ukrainian and U.S. teams are working on a draft agreement between our governments. This agreement can add value to our relations—what matters most is getting the details right to ensure it truly works.
I look forward to a just results. pic.twitter.com/o9jbiiiJTq
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 21, 2025
„Денес тимови од Украина и САД работат на нацрт-договор меѓу нашите влади“, рече Зеленски во својата ноќна видео порака.
„Овој договор има потенцијал да ги зајакне нашите односи и, што е најважно, деталите мора да се договорат на таков начин што ќе се осигура дека ќе биде ефективен. Се надевам на исход, фер исход“.
Зеленски ги даде забелешките по разговорот меѓу началникот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
Европа
Нападнатиот во Берлин е шпански турист, тој е стабилен: напаѓачот е уапсен

Мажот повреден во нападот со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин е 30-годишен турист од Шпанија, соопшти вчера германската полиција.
Тој е пренесен во болница со тешки, но не опасни по живот повреди. Мажот е во стабилна состојба, изјави претходно портпаролката на полицијата.
Полицијата три часа по пријавата го уапсила осомничениот.
Уапсениот имал „крв на рацете“, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат. „Тоа е веројатно осомничениот кој го нападна Шпанецот овде кај Меморијалот“, додаде тој.
Нападот се случил околу 18 часот. Не е пронајдено оружје, но најверојатно се работи за нож, додаде полицијата.
„Апсолутно немаме идеја кој мотивот за нападот“, нагласи Флоријан Нат.
Жртвата се здобила со „неколку убодни рани во горниот дел од телото“, објасни тој. Мажот е пренесен во болница, опериран е и е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Европа
Итен состанок на министрите за одбрана на ЕУ поради Украина, дознава Блумберг

Франција и Естонија свикаа итен состанок на министрите за одбрана на Европската унија в понеделник, 24 февруари, за да разговараат за начините за зајакнување на воената поддршка за Украина, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори.
Според изворите, на состанокот преку видео-конференција ќе учествуваат десетина министри за одбрана на Европската унија, вклучително и оние од Велика Британија, Германија, Италија и Полска, како и претставници на ЕУ и НАТО.
Како што пренесува Укринформ, Украина се подготвува да организира состанок на лидерите на земјите-партнери во Киев на 24 февруари, на кој ќе се разговара за мирот, безбедносните гаранции и иднината на колективната одбрана. Тој ден во Брисел ќе се одржи и состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, а војната во Украина ќе биде прва точка на дневниот ред, велат оттаму.
На 24 февруари се одбележува третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија на Украина.