Свет
Научничка од Вухан го демантира тврдењето дека коронавирусот потекнува од нивната лабораторија
Научничката од Институтот за вирологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, позната како жена лилјак, ги демантира новите тврдења дека Ковид-19 можеби избегал од нивната лабораторија и ги нарече тажни и неприфатливи.
Група од 18 научници, вклучително и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавирусот, ја почнаа дебатата дали Ковид-19 избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ.
Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија.
„Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природна и лабораториска прелевање сѐ додека не добиеме доволно податоци“, се вели во писмото.
Правилната истрага треба да биде транспарентна, објективна, базирана на податоци, вклучувајќи широка експертиза, независен надзор и одговорно водена за да се минимизира влијанието на судирот на интереси. Агенциите за јавно здравје и лабораториите за истражување мора да ги отворат своите евиденции за јавноста, се наведува понатаму.
Писмото е потпишано од почитувани научници кои се експерти за истражување на САРС-КоВ-2 вклучувајќи го и Џеси Блум, биолог од Центарот за истражување рак во Сиетл, Ралф Барик, истражувач на коронвируси, кој работел со научници на Институтот „Вухан“ во Кина, и Дејвид Релман, микробиолог и имунолог од „Стенфорд“.
Сепак, вирологот од Вухан, Ши Зенгли, одговори преку имејл во петокот наутро на поканата да ги достави своите лабораториски документи.
„Тоа, дефинитивно, е неприфатливо. Кој може да обезбеди докази што не постојат? Многу е тажно да го прочитате ова писмо напишано од 18 научници“, одговорила научничката позната како жена лилјак.
Таа додаде дека хипотезата за излегување од лабораторијата се заснова само на експертиза во лабораторија што долго време работи на коронавирус на лилјаци, кои се филогенетски поврзани со САРС-КоВ-2, пренесува News.com.au.
„Таквото тврдење, дефинитивно, ќе им наштети на угледот и на ентузијазмот на научниците, кои се посветени на работата на нови животински вируси што имаат потенцијален ризик да се прелеат на човечката популација и на крајот да ја ослабат способноста на луѓето да ја спречат следната пандемија“, рече таа.
Светската здравствена организација испрати тим научници во Вухан, од каде што потекна вирусот во декември 2019 година, за да го испита потеклото на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Израелскиот министер: Никогаш целосно нема да ги повлечеме трупите од Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа. Според него, во Газа ќе остане значајна безбедносна зона, дури и доколку се премине во следна фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и доколку Хамас биде разоружан.
Кац најави дека безбедносната зона би се протегала внатре во Газа, а на северот на Појасот би можеле да се формираат и израелски доселенички јадра за нејзина заштита. Тој, како член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ова повторно се спротивстави на делови од американскиот мировен план што предвидуваат целосно повлекување на израелските сили од Газа.
По претходните критики дека ги ублажил ставовите, Кац денеска порача дека не се повлекува од изјавите, додавајќи: „Возам наназад само во автомобил.“
Свет
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај на војната по разговорите со луѓето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со луѓе од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп – специјалниот изасланик Стив Виткоф и Џаред Кушнер – за можни начини за завршување на војната со Русија. Според Зеленски, се појавиле „нови идеи“ поврзани со форматот на преговорите, средбите и временската рамка.
Трамп се залага за мировен договор, а неговите преговарачи работат на план што постепено напредува. Зеленски претходно претстави нацрт-мировен план од 20 точки, кој е скратена верзија на постар предлог од 28 точки. Клучните територијални прашања сè уште не се решени и, според Зеленски, за најчувствителните теми ќе биде потребна директна средба со Трамп.
Од руската страна, Кремљ соопшти дека ги анализира документите поврзани со можниот крај на војната, додека Москва изрази незадоволство од украинскиот план, особено околу Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски најави и нови разговори меѓу украинските и американските преговарачи, нагласувајќи дека работат постојано за да се приближи крајот на војната.

