Свет
Научниците открија можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага отколку со делта-сојот
Научниците идентификуваа можна причина зошто инфекцијата со омикрон е поблага од другите варијанти на коронавирусот.
Истражувањата покажаа дека омикрон е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето отколку на делта-сојот, објавија истражувачите од Германија и Велика Британија.
„Нашата студија првпат објасни зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешка болест“, рече Мартин Михаелис од одделот за бионаука при Универзитетот во Кент, чиј тим ја спроведе студијата во Универзитетската болница во Франкфурт.
„Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки“, велат тие.
Инфицираните клетки произведуваат интерферон. Едноставно кажано, овие супстанции служат како гласници, кои, меѓу другото, ги информираат другите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта се покажала како поуспешна од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.
Интерферонот е важен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и поопшта реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичниот имунолошки одговор треба да се разликува од специфичниот имунолошки одговор, на кој му е потребно подолго време за да се активира. Специфичниот имунолошки одговор произведува антитела што постојат за да се борат против одреден патоген.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Политико“: На Рамзан Кадиров му откажуваат бубрезите
„Политико“ пишува дека повторно се појавиле извештаи за сериозно нарушено здравје на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, во чувствителен момент за Кремљ.
Според тврдењата на украинските разузнавачки служби, Кадиров наводно боледува од откажување на бубрезите.
Точноста на овие информации засега не е потврдена. Кадиров и претходно повеќепати, според медиумски извештаи, бил на смртна постела, но секогаш повторно се појавувал во јавноста.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА

