Свет
Научници: Австралискиот октопод би можел да биде клучот во борбата против ракот на кожата
Домородниот вид на австралиски октопод може да го има клучот за борба против една од најтешките форми на меланом, открија австралиските истражувачи.
Една меѓународна студија откри рани докази дека соединението од отровот на октоподот каурна (Octopus kaurna) може значително да го забави развојот на ракот. Истражувачите, исто така, открија дека отровот може да помогне во борбата против отпорноста на лекови кај пациенти со BRAF-мутиран меланом, кој сочинува околу половина од сите случаи на меланом.
Под стручно водство на научникот Марија Икономопулу беа тестирани својствата на низа синтетички репродуцирани отровни соединенија во борбата против туморите.
„Ги проучувавме отровните соединенија добиени од различни морски животни и откривме дека пептидот од австралискиот октопод каура се издвојува во неговата способност безбедно и ефикасно да ги таргетира клетките на меланомот мутирани од BRAF во претклинички модели“, рече таа, додавајќи дека таа и колегите се надеваат дека ќе обезбедуваат основа за високо насочен и помалку токсичен третман на рак.
„Сè уште е многу рано за повеќе информации, но наодите како ова ни даваат надеж дека овој пептид на октопод може да се развие во насочен третман за рак кој може безбедно и ефикасно да се администрира дури и во многу високи дози“, рече Икономопулу.
Научникот истакнува дека многу пациенти не реагираат добро на постоечките методи за лекување на меланомот со мутираниот ген БРАФ.
„Иако целните терапии и имунотерапијата ја подобрија суштината, тековните проблеми со токсичноста на лековите и отпорноста на лекови го попречуваат севкупниот успех во борбата против ракот“, рече таа.
„Несомнено, треба да се направат повеќе истражувања, но нашата студија покажува дека ова соединение од отров на октопод има силен терапевтски потенцијал“, додаде таа.
Експертите би сакале да истражат дали соединението каура октопод има потенцијал кај други видови на рак со мутиран BRAF ген, вклучувајќи рак на простата, дебелото црево и неситноклеточен карцином на белите дробови.
Студијата е објавена во октомвриското издание на Британскиот журнал за фармакологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

