Свет
Најбараниот италијански бегалец вратен во Рим откако беше уапсен во Боливија
Најбараниот италијански бегалец, радикалниот левичар Џезаре Батисти, пристигна во Рим, откако претходно беше уапсен во Боливија. Снајперистите го следеа внимателно додека излегуваше од авионот опколен со полиција. Батисти, кој немаше лисици на рацете, потоа беше одведен во посебна просторија на аеродромот, додека се завршат сите процедури.
? #CesareBattisti ripreso poco prima della cattura
Team di poliziotti #Criminalpol #Antiterrorismo e #Digos Milano con collaborazione intelligence italiana lo hanno pedinato fino all'arresto da parte dela polizia boliviana @INTERPOL_HQ pic.twitter.com/adBu9iRvX2— Polizia di Stato (@poliziadistato) January 13, 2019
Полициски извори наведуваат дека за време на долгиот лет од Боливија до Италија тој им раскажувал за неговиот живот и за бегството од Бразил во Боливија.
„Денес му покажавме на светот дека никој не може да побегне од италијанската правда”, изјави на аеродромот министерот за правда, Алфонсо Бонаферде. Батисти со полициска придружба е спроведен во затвор во западниот дел на Сардинија, каде што ќе биде во изолација во наредните шест месеци.
Поранешниот италијански левичар Џезаре Батисти (64) е осуден за убиство и речиси 40 години беше во бегство. Батисти е уапсен од Интерпол во саботата во боливискиот град Санта Круз де ла Сиера.Тој е осуден на доживотен затвор поради вмешаност во четири убиства во 70-тите години од минатиот век, како член на левичарската група Вооружени пролетери за комунизам.
Батисти откако во 1981 година побегна од затвор, извесен период живееше во Франција, а потоа пребегна во Бразил, каде што имаше поддршка од поранешниот претседател Луис Ињацио Лула да Силва. По неодамнешната победа на претседателските избори во Бразил, Жаир Болсонаро вети дека Бастисти ќе биде испорачан на Италија. Во декември бразилскиот Врховен суд нареди апсење на Батисти, но тој исчезна.
Боливиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Батисти илегално влегол во Боливија.Батисти е познат и како писател на криминалистички приказни, а мината година изјави дека стравува оти ќе биде мачен и убиен доколку биде екстрадиран во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје
Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.
„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.
Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија.
Свет
Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа
Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на Газа, објави израелското воено радио.
Според извештајот, евакуациите сега се концентрирани во неколку периферни квартови на Рафа, од кои се вели дека евакуираните лица се насочуваат кон градовите со шатори во блиските Кан Јунис и Ал Муваси.
Меѓутоа, во она што се чини дека е почеток на евакуација на цивили пред копнен напад, израелската армија ги повика Палестинците во источните делови на Рафах да се преселат во блиската „хуманитарна област“.
По седуммесечната офанзива против Хамас, Израел соопшти дека во Рафа се засолниле илјадници борци од палестинската исламистичка група и дека победата е невозможна без заземање на градот.
Со оглед на тоа што повеќе од еден милион раселени Палестинци се засолнети во Рафа, изгледите за операција со многу жртви ги загрижуваат западните сили и соседниот Египет.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.