Свет
Најбогатите луѓе во светот во 2022 година влегуваат уште побогати
Во 2022 година најбогатите влегуваат уште побогати. Првите десет луѓе на листата на најбогати во текот на годината заработија стотици милијарди долари, покажува индексот на милијардери на Блумберг.
Некои од овие поединци, како Бил Гејтс и Џеф Безос, имаат повеќе од 100 милијарди долари со години: Гејтс првпат ја достигна таа бројка во 1999 година, додека Безос го направи тоа во 2017 година. Но, повеќето од другите најбогати луѓе во светот се новодојденци.
Овие милијардери додале над 400 милијарди долари на своето богатство во 2021 година.
Оваа година, ко-основачот на „Tесла“ го зголемил своето богатство за неверојатни бројки, а сето тоа благодарение на брзиот раст на неговата компанија за производство на електрични автомобили. Акциите на „Tесла“ пораснаа за околу 60 отсто оваа година, а компанијата достигна пазарна вредност од над 1 трилион долари за прв пат во октомври.
Џеф Безос чие богатство се проценува од 195 милијарди долари има заработено 5 милијарди долари. Поранешниот најбогат човек на светот не заработил колку Маск, но Безос годинава станал побогат за пет милијарди долари. 57-годишникот ја напушти функцијата генерален менаџер на Амазон во јули оваа година и рече дека повеќе ќе се посвети на компании како Безос – Фонд за Земјата, Блу Ориџин, Вашингтон Пост и Амазон Фонд Ден 1.
Бернард Арно кој има богатство од 176 милијарди долари, заработил 61 милијарда. Генералниот директор на конгломератот за луксузни стоки LVMH, кој поседува брендови како Луј Витон, Кристијан Диор и Живанши, додаде 61 милијарда долари на своето богатство во 2021 година. Тој се смета за најбогат човек во Европа.
Бил Гејтс со богатство од 139 милијарди долари, заработил 7 милијарди. И покрај донирањето десетици милијарди долари во последните децении, богатството на Гејтс продолжува да расте, заработувајќи дури 7 милијарди долари оваа година. Оваа година тој се разведе од сопругата Мелинда Френч Гејтс по 25 години брак.
Лери Пејџ со богатство од 130 милијарди долари има заработено 47 милијарди долари. Ко-основачот на Google додаде 47 милијарди долари на своето богатство.
Марк Цукерберг со богатство од 128 милијарди долари има заработено 24 милијарди долари. Тој е еден од најмладите милијардери, а во 2021 година успеал да заработи дури 24 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.