Контакт

Свет

Најмалку двајца загинати и осум исчезнати по уривање мост во Бразил

Објавено пред

Најмалку две лица загинаа, а осум лица се водат како исчезнати кога вчера во Бразил се урна мостот „Јуселино Кубичек де Оливеира“, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.

dobivaj vesti na viber

Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал кога дел од структурата паднала на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот „Метрополис“.

„Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне“, изјави министерот за транспорт, Ренан Фиљо.

Свет

(Видео) САД и Русија денеска се среќаваат во Турција

Објавено пред

Американските и руските делегации денеска пристигнаа во Истанбул на разговори за нормализирање на работата на нивните дипломатски претставништва, откако војната во Украина го предизвика најголемиот конфликт меѓу Москва и Западот од Студената војна.

dobivaj vesti na viber

На снимката на Ројтерс се гледа како неколку автомобили влегуваат во дворот на рускиот конзулат во центарот на Истанбул.

Разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон, Александар Дарчиев и заменик-помошникот државен секретар на САД, Соната Колтер, соопшти руското МНР.

Главниот фокус, велат Москва и Вашингтон, е обновувањето на дипломатските мисии по долгогодишни расправии, меѓусебни тврдења за заплашување, па дури и замрзнување на дипломатските средства меѓу двете нуклеарни сили.

„Украина не е, апсолутно не е на дневен ред“, изјави во вторникот портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

„Овие разговори се единствено фокусирани на работата на нашите амбасади, а не на нормализацијата на билатералните односи во целина, што може да се случи, како што рековме, само кога ќе се воспостави мир меѓу Русија и Украина“.

И Москва и Вашингтон во последниве години се жалеа на тешкотии при добивање акредитиви за нивните дипломати, што ја отежнува работата на нивните амбасади, пренесува медиумот.

Русија сподели дека дури и плаќањето на дипломатите стана тешко поради западните ограничувања, додека американските дипломати велат дека нивното движење во Русија е ограничено. Двете страни се пожалија на заплашување.

Во прашање е и дипломатскиот имот.

Вашингтон стави шест руски имоти под ограничувања, вклучувајќи го имотот Киленворт на Лонг Ајленд, руската традиционална куќа за одмор во Мериленд, руските конзулати во Сан Франциско и Сиетл и трговските мисии во Вашингтон и Њујорк.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија ја ослободи Ксенија Карелина во размена на затвореници со САД: беше осудена на 12 години затвор за донирање 51,80 долари за украинска организација

Објавено пред

Руско-американската државјанка Ксенија Карелина, која беше осудена на 12 години затвор во Русија за донирање 51,80 долари за украинска добротворна организација во САД, утринава беше предадена на американските власти во размена на затвореници со Москва.

dobivaj vesti na viber

Акцијата се случила рано утринава на територијата на Обединетите Арапски Емирати, поточно во Абу Даби. Убавата Ксенија им беше предадена на Американците во замена за Артур Петров.

Ксенија беше уапсена на почетокот на 2024 година во Јакетеринбург, додека ги посетувала нејзините баба и дедо.

Ксенија Карелинa живеела во Лос Анџелес и вежбала балет до нејзиното апсење, а американско државјанство добила во 2021 година.

Таа отиде во Русија во јануари 2024 година за да ги посети роднините, но САД дознаа за нејзиното апсење дури на 8 февруари. Крис Ван Херден, момчето на Ксенија, претходно изјави за CNN дека и купил билет за Русија како роденденски подарок. Тој рече дека таа е „горда што е Русинка и не гледа вести“. Меѓутоа, веднаш штом пристигнала на руска територија, била уапсена, а подоцна осудена за помагање на Украина.

Да потсетиме, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Ксенија Карелинa за учество во „јавни акции за поддршка на режимот во Киев“.

Прикажи повеќе...

Свет

Западен Балкан е далеку пред Украина: Австриската министерка бара да се забрза проширувањето на ЕУ

Објавено пред

Австриската министерка за европски прашања, Клаудија Плаколм, член на Австриската народна партија, побара да се забрза проширувањето на Европската Унија. „Во Западен Балкан, конечно, мора да има конкретни чекори што ќе ги почувствува населението“, рече таа во интервју за АПА.

dobivaj vesti na viber

Таа се надева дека ЕУ ќе ги добие првите кандидати за членство во следните неколку години“, а најдоцна до 2030 година. А земајќи ја предвид агресивната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, таа смета дека Европа мора сама да преземе иницијатива наместо само да се надева.

Плаколм истакнува дека „повеќе од 20 години се зборува за Западен Балкан, но без значителен напредок, бидејќи најчесто соседните земји го блокираат процесот“. Во овој контекст, таа е отворена за можноста за ограничување на правото на вето во рамките на ЕУ.

„Покорисно би било кога би можеле да преземеме некои чекори побргу и да се вратиме на едногласност само на крајот од процесот. Но, сепак мислам дека е важно да се најде договор за клучните прашања и да се води дијалог“.

ЕУ ризикува да го изгуби кредибилитетот на Западен Балкан, предупредува таа.

„Постои опасност дека ако ја пропуштиме европската интеграција, Западен Балкан ќе стане играчка на другите глобални сили“, рече таа веројатно алудирајќи на влијанието на Русија и Кина.

„Се чувствува, особено кога ќе погледнеме назад на демонстрациите во Србија, дека населението е повеќе од кога било подготвено за реформи, за европска интеграција и дека сега, конечно, му требаат конкретни подобрувања. Се гледа дека тоа го поддржуваат младите луѓе, студентите што излегуваат на улица и имаат барања за политичарите“, објасни министерката.

Плаколм се залага за постепена интеграција на понапредните кандидати во ЕУ преку вклучување во програмите на ЕУ.

„Веќе сега можеме да одиме чекор по чекор и да се шириме или да почнеме европски програми во земји што се веќе на вистинскиот пат“, рече таа.

Земјите што ги смета за најнапредни се Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. На прашањето дали би можеле да станат членки до 2030 година, таа одговори: „Се надевам, би го сакала тоа“.

За кандидатскиот статус на Украина, вели дека тоа е геополитичка одлука.

„Јасно е дека ја поддржуваме Украина како Австрија и како ЕУ бидејќи на 24 февруари 2022 година беше нападната земја на европска почва. И приближувањето до нашите европски принципи, нашите вредности, може да бидат само од корист. Но, дури и ако војната против руската агресија заврши навргу, Украина нема да биде подготвена да стане членка на Европската Унија преку ноќ“, рече министерката. Таа потсети дека процесот за некои земји траел повеќе од 20 години.

„Во овој поглед, Западен Балкан е далеку пред Украина“.

Плаколм не реагира позитивно на предлогот за членство на Канада во ЕУ, што го предложи поранешниот германски министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, силен противник на идеите на Трамп за анексија: „Веќе има доволно кандидати што чекаат“. Сепак, смета дека ЕУ треба да ги зајакне меѓународните партнерски односи – вклучително и со Канада.

Зборувајќи за сегашните глобални турбуленции, кои, меѓу другото, беа предизвикани од трговската политика на Трамп, Плаколм повика на зајакнување на европската самодоверба: „Важно е Европа да не се повлече, да го зајакнеме стратешкиот суверенитет, да не зависиме од милоста на другите и да нè гледаат како силен глобален играч, а не како пион“.

ЕУ го спореди со „стар брод што стои на море и чека поволен ветер“, додавајќи дека „можеме самите да ги свртиме едрата за да го искористиме ветрот“.

Плаколм го поздравува планот на Европската комисија за зајакнување на европската одбрана.
„Мило ми е што ја преземаме одговорноста да се зајакнеме, особено во однос на одбраната, Австрија, во согласност со својот Устав, ќе ги искористи сите расположливи можности, особено финансиските.

Зборувајќи за буџетот на ЕУ по 2027 година, таа истакна дека Австрија, која во моментот се бори со висок буџетски дефицит, ќе продолжи да се залага за штедлив пристап.

„Нашата позиција останува непроменета бидејќи и нашиот статус како нето-придонесувач во Европската Унија исто така ќе остане непроменет. Затоа, се разбира, се залагаме за внимателна и претпазлива употреба на финансиските ресурси на Европската Унија. Би имало одреден потенцијал за ефикасност и заштеда доколку помалку се губиме во детали и ситници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија2 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија3 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија3 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет4 часа

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет4 часа

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет4 часа

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...

Свет4 часа

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот Канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет5 часа

Трамп: Кинескиот претседател е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет5 часа

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет13 часа

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет16 часа

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет18 часа

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија21 час

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија21 час

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија23 часа

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија1 ден

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија1 ден

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија1 ден

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија1 ден

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...