Свет
Најмалку 10 жртви на бомбаш самоубиец во Авганистан
Во нападот на бомбаш самоубиец пред шиитската џамија во источниот дел на Авганистан, денеска загинаа најмалку 10 лица, објавија локалните власти.
Нападот беше извршен во градот Гардез, за време на молитвата во петокот, објави „Ројтерс“.
Полицијата соопшти дека се обидува да влезе во просториите на џамијата и да им помогне на повредените, кои ги има најмалку девет.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста, вели „Ројтерс3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Истражување: Рекорден број луѓе во светот избегнуваат да следат вести
Рекорден број луѓе ширум светот избегнуваат да ги следат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс на Универзитетот Оксфорд.
Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале овој одговор.
Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, наспроти 63 отсто во 2017 година, пренесува Би-би-си.
Свет
Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани се 1.200 луѓе
Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.
Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП.
Засега нема извештаи за жртви.
Свет
Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија
Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата.
Премиерката на Западен Бенгал Мамата Банерџи изјави дека лекарите и спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, пренесува Ројтерс.
Според неа, возот „Канчанџунга експрес“, кој ги поврзува североисточните држави Асам и Трипура со Западен Бенгал, бил удрен од товарен воз.