Свет
Најмалку 17 лица загинаа во ноќен клуб во Венецуела

Најмалку 17 лица настрадаа во ноќен клуб во Каракас, каде избила тепачка, а поатоа едно лице фрлило солзавец во метежот, изјави министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Реверол.
„Тепачката изби рано утрово. Едно лице за време на тепачката фрли солзавец пред влезот на клубот, а од околу 500 присутни, настрадаа 17 лица“ рече Риверол и додаде дека се уапсени седум лица, меѓу кои и сопственикот на клубот поради непочитување на безбедносните прописи.
Дел од жртвите настрадале од задушување, а другите биле прегазени до смрт. Осуммина се на возраст под 18 години, а речиси сите се помлади од 20.
Несреќата се случила за време на матурска прослава на средно училиште од Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Колумбија прогласи вонредна состојба поради случаи на жолта треска

Колумбиската влада доцна во средата прогласи вонредна состојба на национално ниво поради зголемување на случаите на жолта треска.
Од почетокот на минатата година, епидемијата резултираше со 74 потврдени случаи на инфекција и 34 смртни случаи, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Харамиљо, пренесува Ројтерс.
Харамило рече дека најкритичната ситуација е во Толима, во централно-западна Колумбија, каде што се откриени 22 случаи.
Жолтата треска е акутна вирусна хеморагична болест која се пренесува со каснување од заразен комарец од родовите Aedes и Haemogogus, пренесува Танјуг.
Свет
Министерка на Трамп му се закани на Харвард: Ќе ви забраниме да запишувате странски студенти

Американската секретарка за внатрешна безбедност Кристи Ноем се закани дека ќе го одземе правото на Универзитетот Харвард да запишува странски студенти доколку до 30 април 2025 година не ја предаде документацијата за „незаконски и насилни активности“ на странски студенти, објави денеска американското Министерство за домашна безбедност.
„Ноем испрати остро писмо во кое бара детална документација за незаконски и насилни дејствија од странски носители на студентска виза на Харвард до 30 април 2025 година, или веднаш ќе им биде одземена SEVP сертификатот“, се вели во соопштението на Министерството.
Таа сертификација им овозможува на универзитетите да ги издаваат формуларите потребни за добивање виза за влез во САД на меѓународни студенти кои биле примени, според Министерството.
Во моментов на Харвард студираат 6.793 странски студенти, што претставува 27,2% од вкупниот упис во академската 2024/25 година, според податоците на универзитетот.
Министерството, исто така, објави дека ја откажува исплатата на 2,7 милиони долари што му беа доделени на Харвард.
Портпаролот на Харвард во изјава рече дека тие се запознаени со писмото, но остануваат на нивниот претходен став дека „нема да се откажат од својата независност или да се откажат од своите уставни права“, пренесува Си-Ен-Ен.
„Ќе продолжиме да го почитуваме законот и очекуваме да го стори тоа и администрацијата“, се вели во соопштението. „Доколку федералната влада преземе акција против некого во нашата заедница, очекуваме тоа да се заснова на јасни докази, спроведени преку постоечките правни процеси и почитување на уставните права што важат за сите“.
Според студентскиот весник The Harvard Crimson, Министерството во писмото го обвинува Харвард за создавање „непријателска средина за еврејските студенти“.
Свет
Пекинг: Кина нема да обрнува внимание на американската „игра на броеви“ со царините

Кина денес изјави дека нема да обрнува внимание на американската „игра на броеви“ кога станува збор за царини, откако Белата куќа изјави дека Кина сега трпи царини до 245 проценти поради нејзините одмазднички мерки.
Во соопштението издадено од Белата куќа, беше наведено дека обврските на Кина вклучуваат нова реципрочна царина од 125 проценти, дополнителни 20 проценти како одговор на кризата со фентанил, како и царини помеѓу 7,5 и 100 проценти за одредени стоки поради нефер трговски практики, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, неодамна воведе дополнителни царини за стоки од сите земји, а потоа повлече дел од мерките за голем број земји, одржувајќи строги царини исклучиво против Кина.
Пекинг одговори со зголемување на сопствените царини за американските стоки и ги отфрли новите преговори, тврдејќи дека разговорите можат да се водат само врз основа на меѓусебно почитување и еднаквост.
Во исто време, многу други земји започнаа преговори за билатерални трговски договори со Вашингтон.
Минатата недела, Кина поднесе нова жалба до Светската трговска организација (СТО), изразувајќи „сериозна загриженост“ во врска со американските царини и обвинувајќи ги САД за кршење на правилата на глобалната трговска организација.
Кина неочекувано назначи нов главен трговски преговарач оваа недела – го замени досегашниот Ванг Шоувен и го назначи Ли Ченгганг, кинескиот амбасадор во СТО.
Американските власти објавија дека Трамп е отворен за постигнување трговски договор со Кина, но дека Пекинг прво мора да направи потег, нагласувајќи дека на Кина ѝ се потребни „американски пари“, пренесува Танјуг.