Контакт

Свет

Најмалку 46 загинати во несреќа на воен авион во Судан

Објавено пред

Најмалку 49 лица загинаа кога судански воен авион се урна во градот Омдурман, соопштија денеска воените и здравствените власти.

dobivaj vesti na viber

Авионот Антонов се урна вчера по полетувањето од воената воздухопловна база Вади Саидна, северно од Омдурман, соопшти војската.

Воените власти соопштија дека во несреќата загинале војници и цивили, додека неименувани воени извори велат дека причината за несреќата најверојатно е технички проблем, пренесе Ројтерс.

Министерството за здравство додаде дека телата на починатите се пренесени во болницата Нау во Омдурман. Болницата примила и десет повредени цивили. Министерството соопшти дека авионот се урнал во цивилна куќа во областа Карари во Омдурман.

Свет

Америка ја повика ЕУ да се приклучи на 100-процентните царини на руската нафта

Објавено пред

САД се надеваат дека нивните европски сојузници ќе им се придружат во воведувањето на таканаречените секундарни царини на Русија, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Си-ен-би-си“.

dobivaj vesti na viber

„Руска нафта ќе биде подложна на секундарни царини до 100 отсто“, рече Бесент. „Ги повикувам нашите европски сојузници, кои досега само вербално се залагаа за остри мерки, да нè следат ако ги воведеме овие царини.“

Изјавите на Бесент уследија по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена за воведување тешки царини кон Русија доколку не се постигне договор за завршување на војната во Украина во рок од 50 дена.

„Ние ги нарекуваме секундарни царини“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа. „Царини од околу 100 проценти.“

Секундарните царини претставуваат казнени мерки што се применуваат на држави или компании кои продолжуваат да тргуваат со санкционирана земја – им се наплатува дополнителен износ за пристап до американскиот пазар или финансискиот систем.

На пример, ако некоја трета земја како Кина продолжи да купува руска нафта, нејзиниот извоз во САД би можел да биде оптоварен со дополнителна царина од 100 проценти, што значително би ги зголемило цените за американските потрошувачи и дополнително би ги притискало кинеските извозници.

Трамп, кој во кампањата вети дека ќе постигне мировен договор во рок од 24 часа од преземањето на функцијата, е сѐ повеќе фрустриран од она што го опишува како руски одолговлекувања во мировните преговори.

Американската стратегија има за цел да ги намали приходите на Русија од извозот на нафта, кои изнесуваат околу една третина од државниот буџет и се клучен извор на финансирање на војната против Украина.

На трамповата закана од 15 јули реагираше портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истакнувајќи дека таа е „сериозна“, но дека на Москва и треба време да ја анализира пораката од Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ жестоко ѝ се закани на Америка поради царините на Трамп: „Ако сакаат војна – ќе добијат војна“

Објавено пред

Европската унија подготвува противудар на САД по пропаѓањето на договорот за укинување на царините.

dobivaj vesti na viber

Според информациите до кои дошле европски дипломати, Вашингтон сега бара дополнителни отстапки – вклучувајќи основна царина од најмалку 15 проценти за повеќето европски производи – што предизвикало бес во Брисел и Берлин, пишува „Волстрит журнал“.

ЕУ до неодамна очекуваше компромис со американскиот претседател Доналд Трамп, кој би ја задржал основната царина на 10 проценти – и тоа само по себе беше отстапка за многу од 27-те членки. Но откако американските функционери сигнализираа промена на ставот, Германија – досега поумерена – се приближи кон поцврстиот, конфронтирачки пристап на Франција.

„Ако сакаат војна – ќе добијат војна“

„Сѐ уште има време за преговори“, изјавил еден германски функционер во петокот. „Но ако сакаат војна – ќе добијат војна.“

Членките на ЕУ сега вршат притисок врз Европската комисија да подготви силни контрамерки против американските компании, кои би оделе и подалеку од обични царини, доколку не се постигне договор до 1 август – рок што го постави Трамп.

Трговските односи меѓу ЕУ и САД се најголеми во светот – секој ден се разменува стока и услуги во вредност од повеќе од 5 милијарди долари. Но од Брисел порачуваат дека „сите опции се на маса“.

Европската комисија во неделата официјално порача дека и натаму сака договор што ќе биде „заеднички корисен“, но додаде дека, доколку преговорите пропаднат, ќе ги искористи сите инструменти што ѝ стојат на располагање.

Американскиот министер за трговија, Хауард Латник, сепак изрази оптимизам: „Убеден сум дека ќе постигнеме договор. И тој ќе биде одличен за Америка, затоа што претседателот стои зад американскиот народ“, изјави тој за CBS.

Во изминатите месеци, европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, шест пати патувал во Вашингтон, одржал бројни разговори со американски функционери и понудил намалување на царините и купување американски енергенси и полупроводници во вредност од десетици милијарди долари.

Сепак, на почетокот на јули, Трамп се закани со 30 отсто царини за поголемиот дел од европскиот увоз – значително повеќе од претходно споменуваните 20 проценти.

Германија досега се залагаше за брз договор, но сега го поддржа користењето механизам кој овозможува воведување економски контрамерки против држави што користат економски уцени. Овој механизам досега никогаш не бил користен, но е опишан како најсилното трговско оружје на ЕУ.

„Сѐ уште не сме стигнале до точка каде што би го активирале“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно овој месец. Но тоа би можело да се промени – Комисијата веќе почнала да подготвува конкретни мерки што би можеле брзо да се воведат.

Меѓу можните мерки се давачки на американските дигитални услуги, ограничувања за пристап на американски компании до европскиот пазар за јавни набавки, како и дополнителни царини. ЕУ веќе има подготвени два пакета царини во вредност од над 100 милијарди долари, кои опфаќаат производи како авиони, путер од кикирики и виски. Вториот пакет сѐ уште не е формално одобрен, но може брзо да се активира.

Европските функционери и натаму се надеваат на договор. Не планираат да воведат никакви контрамерки пред рокот на Трамп на 1 август. Но јасно порачуваат дека се подготвуваат за „можен судир“ кој би можел да има високи трошоци за двете страни.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Во третата рунда директни преговори со Русија ќе инсистирме на три точки

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит.

dobivaj vesti na viber

„Нашата агенда е јасна: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на состанокот на лидерите“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

„На сите им е јасно дека навистина ефикасни преговори можат да се водат само на ниво на национални лидери“, додаде тој.

Изјавите на Зеленски доаѓаат откако тој пред три дена објави дека Украина предложила продолжување на директните преговори. Новиот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, ѝ понуди на Русија нова средба.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Москва го поддржува одржувањето на третата рунда разговори, но нагласи дека сè уште не е договорен датум.

„Од руска страна, нема промени во преговарачката група“, рече Песков.

Руската делегација сè уште ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински. Високи функционери како што е шефот на дипломатијата Сергеј Лавров сè уште не учествуваат во преговорите.

Последните директни преговори се одржаа на 2 јуни во Истанбул, по претходната средба на 16 мај. Пред тоа, директните контакти беа замрзнати со години.

Украина предлага безусловно 30-дневно примирје од март – иницијатива поддржана од Соединетите Американски Држави. Во двата претходни круга во Турција, Русија го отфрли предлогот, нудејќи само „прекин на огнот“ од 2 до 3 дена со цел да се соберат телата на загинатите. Не беше постигнат договор.

Со месеци, Зеленски повикува на средба со рускиот претседател Владимир Путин, кој систематски избегнува директно учество во преговорите.

Турција останува една од ретките земји што одржува отворени канали и со Москва и со Киев. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 26 јуни изјави дека Анкара работи на организирање средба меѓу Зеленски и Путин, со евентуално учество на американскиот претседател Доналд Трамп.

Еден ден претходно, Песков повтори дека воените цели на Русија „не се променети“ и дека тие ќе бидат постигнати „на бојното поле“, и покрај предупредувањето на Трамп дека ќе воведе „строги“ царини ако Русија не се согласи да ја заврши војната во рок од 50 дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...

Македонија3 часа

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката,...

Македонија4 часа

Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Економија8 часа

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија10 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија11 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ12 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ12 часа

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија12 часа

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија15 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на...

Свет15 часа

Односот меѓу Трамп и Путин се менуваше во текот на годините, сега се чека конечен резултат

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му даде на Владимир Путин 50 дена да постигне мировен договор и најави драстични трговски...

Свет16 часа

(Видео) Кина почнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа16 часа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија17 часа

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка – реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија17 часа

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија17 часа

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија1 ден

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....