Свет
На Бахамите уапсен основачот на пропаднатата менувачница на криптовалути – ФТХ
Сем Бенкмен Фрид, основачот на неуспешната услуга за тргување со криптовалути FTX, е уапсен на Бахамите, а американските федерални обвинители поднеле кривична пријава против него во Њујорк.
„Претходно оваа вечер, властите на Бахамите го уапсија Самуел Банкмен Фрид, на барање на американската влада, на запечатено обвинение“, напиша синоќа на Твитер државниот обвинител Демијан Вилијамс.
Сем Бенкмен Фрид е еден од најбогатите луѓе на денешницата, кој во последните денови ја разбранува јавноста со својата биографија и деловни акции.
До 30-годишна возраст, тој го помина вистинскиот холивудски пат од љубител на видео игри, преку MIT, статусот милијардер, поседување на втората најголема берза за дигитални валути во светот и дружење со познати личности, до целосен колапс на пазарот на крипто и губење на богатство. Еве го детето кое ја фрли индустријата од три трилиони долари на колена.
Сем пораснал во семејство на двајца професори по право од Универзитетот Стенфорд, а тој самиот е роден во нивниот кампус.
Завршил во елитно приватно средно училиште во Калифорнија, а потоа и престижниот МИТ (Масачусетс институт за технологија) каде што дипломирал во 2014 година.
Неговото богатство се зголеми за време на пандемијата на коронавирус, па поради неговите активности во спасувањето на други крипто фирми, го споредуваат со основачот на банката „Ј.П. Морган“. Тој заработи милиони тргувајќи ја разликата во цената на биткоинот меѓу Азија и САД. Две години подоцна, Bankman го лансираше FTX, кој стана една од најголемите крипто берзи во светот.
Проценета на 32 милијарди долари, инвеститорите на акциите ги вклучуваат Sequoia Capital, Paradigm и Планот за пензиско осигурување на Онтарио.
Тој повеќепати изјави дека сака да ги донира сите свои пари и да живее скромно, имајќи доволно за нормален живот. Тој се залагаше за построго регулирање на криптовалутите, промовирајќи ја идејата за ставање на црната листа на дигитални адреси поврзани со финансискиот криминал.
Во писменото сведочење на сослушувањето во Министерството за финансии на САД за надзор на финансиската стабилност во јули, Банкмен Фрид рече дека „FTX има за цел да ги комбинира најдобрите практики на традиционалниот финансиски систем со најдоброто од екосистемот на дигитални средства“, објави Гардијан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

