Свет
На папата Франциско му е чест што го напаѓаат Американците
Папата Франциско за време на краткото интервју со еден француски новинар рече дека е почестен од критиките што му ги упатуваат конзервативните католици во САД.
„За мене е чест да бидам нападнат од Американците“, му рече папата на Николас Сенез од католичкиот весник „Кроа“, кој напиша книга за тоа како САД сакаат да ги менуваат папите.
Кога Сенез му достави копија од книгата во авионот на патот кон Африка, папата се пошегува: „Ова ќе биде бомба“.
Сенес во книгата пишува за две кампањи почнати од американски католици, вознемирени од иновациите на папата Франциско, пренесува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани се 1.200 луѓе
Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.
Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП.
Засега нема извештаи за жртви.
Свет
Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија
Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата.
Премиерката на Западен Бенгал Мамата Банерџи изјави дека лекарите и спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата, пренесува Ројтерс.
Според неа, возот „Канчанџунга експрес“, кој ги поврзува североисточните држави Асам и Трипура со Западен Бенгал, бил удрен од товарен воз.
Регион
За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови
За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој исчезна на островот Матраки вчера е пронајден мртов како трет во изминатата недела, јавува грчката телевизија Скај њуз.
55-годишен маж исчезна од својот хотел на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатиот вторник, а 74-годишен маж од Холандија беше пронајден мртов на островот во саботата.
Британскиот ТВ водител д-р Мајкл Мозили беше пронајден мртов на егејскиот остров Сими пред една недела. Тој очигледно паднал по стрмна падина, изјави градоначалникот на Сими, Лефтерис Папакалодукас за Sky News.
Според грчките медиуми, во Грција моментално се водат како исчезнати уште неколку туристи.
Американски турист, 59-годишниот Алберт Калибет, исчезна на егејскиот остров Аморгос додека планинареше, а операцијата за потрага по двајца исчезнати француски туристи продолжува на егејскиот остров Сикинос.
Во соопштението на грчките власти се наведува дека спасувачката мисија ќе користи доброволци, пожарникари и ќе регрутира дополнителен полициски тим од блискиот остров Иос.