Свет
На повидок самит меѓу Бајден и Путин за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина, соопштено е рано утринава.
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“.
Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден начелно ја прифатил средбата, но само доколку нема инвазија.
„Секогаш сме подготвени за дипломатија. Подготвени сме и да наметнеме брзи и тешки последици ако Русија наместо тоа избере војна“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Реакцијата на Кремљ до моментот на објавувањето на веста не е пристигната.
Договорот за самитот доаѓа по бројните телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин и британскиот лидер Борис Џонсон. Деталите за самитот сè уште не се познати, а канцеларијата на Макрон и Белата куќа соопштија дека неговата содржина ќе ја разработат американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на претстојната средба закажана за 24 февруари.
Веста за самитот доаѓа по една недела на зголемени тензии поттикнати од акумулацијата на руски војници по должина на украинската граница. Руските сили се распоредени од крајот на минатата година, за што западните земји тврдат дека е вовед во инвазијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас денеска пушта заложници, објавен е распоредот за нивното ослободување

Според израелските медиуми, објавени од Ројтерс, размената треба да започне во 8 часот наутро по израелско време во коридорот Нецарим и да продолжи во 10 часот наутро во Кан Јунис, во Појасот Газа.
На некои семејства им е кажано да се упатат кон базата Реим, на границата со Газа, за да го чекаат ослободувањето на нивните најблиски, објави телевизијата Канал 12.
Според истиот извор, ослободувањето ќе се одвива во две фази:
Првата фаза ќе започне во 6 часот наутро, кога ќе бидат ослободени дел од заложниците од централниот Појас Газа. Втората фаза е закажана за 8 часот наутро, кога ќе бидат ослободени преостанатите заложници кои се уште се живи, од Кан Јунис и урбаните бегалски кампови во централна Газа.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од две години.
Палестинската новинска агенција Шехаб објави дека Хамас ги објавил имињата на 20 заложници што треба да бидат ослободени.
Имињата се совпаѓаат со список од 20 заложници за кои се верува дека се уште се живи.
Бар Куперштејн
Евјатар Давид
Јосеф-Хаим Охана
Сегев Калфон
Авинатан Ор
Елкана Бохбот
Максим Херкин
Нимрод Коен
Матан Зангаукер
Дејвид Кунио
Еитан Хорн
Матан Ангрест
Еитан Мор
Гали Берман
Зив Берман
Омри Миран
Алон Охел
Гај Гилбоа-Далал
Ром Браслабски
Ариел Конио
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за да го одбележи потпишувањето на договорот што го посредуваше меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Репортер на „Ер Форс Уан“ му посочи на Трамп дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не отишол толку далеку да каже дека војната против Хамас е завршена.
„Војната е завршена“, одговори цврсто Трамп. „Војната е завршена“, повтори тој. „Дали го разбирате тоа?“
Trump “trumps” Netanyahu.
“The war is over! You understand that?” pic.twitter.com/48v0b8myEq
— MAGABrittany (@paintsaints) October 13, 2025
Американскиот претседател додаде дека мисли дека прекинот на огнот ќе се одржи. „Мислам дека луѓето се уморни“, рече тој.
Трамп ги даде овие забелешки додека леташе за Израел за да се сретне со семејствата на заложниците во понеделник наутро, а потоа да одржи говор пред Кнесетот, израелскиот парламент. Попладне, Трамп планира да отпатува во египетското крајбрежно одморалиште Шарм ел-Шеик на „церемонија на мирот на Блискиот Исток“ за да се одбележи договорот меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, претседателот ќе се врати во Вашингтон во вторник навечер по локално време.
фото: принтскрин