Свет
На САД им се заканува ураганот Флоренс, наредена евакуација на 1,5 милион луѓе
Речиси еден и пол милион луѓе во јужниот дел на источниот брег на САД се во состојба пред евакуација поради доаѓањето на ураганот Флоренс, кој покажува тенденција да стане ураган од петта категорија.
Ураганот од категорија 3 во текот на вчерашниот ден премина во четврта категорија, а веќе утрово се приближи до петтото ниво, со можност да предизвика катастрофални последици, наведува агенцијата АП. Дури и кога ураганот беше во трета категорија, беа наредени евакуации за крајбрежните области на Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија, кои би можеле да бидат директно погодени. Рано ова утро евакуација беше наредена и за државата Мериленд.
Надлежните служби ги повикаа жителите на тие држави да не ја потценуваат моќта на ураганот што доаѓа и да се потсетат на настаните од минатата година кога урагани пустошеа низ истата област и му нанесоа голема штета на Порторико.
На социјлните мрежи во САД веќе се појавуваат фотографии и снимки од метежи во локалните маркети и продавници со опрема за заштита од временски непогоди, а редови се забележани и на бензинските пумпи.
View this post on Instagram
Жителите на крајбрежните области ги заштитуваат своите домови од ураганот што е можно повеќе, главно поставувајќи дрвени табли на прозорците и вратите на куќите, а потоа се пакуваат и заминуваат пред ураганот да ја погоди нивната област.
Според Си-ен-ен, мобилизирана е националната гарда со цел да им помогне на земјите што се наоѓаат на удар на ураганот. Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина така што земјата може да располага со дополнителни парични средства од федералните резерви. Доцна синоќа задолжителната евакуација беше проширена на уште шест области, а се очекува денеска таа да се прошири на уште повеќе региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.