Свет
На социјалните мрежи кружат лажни вести за обновувањето на природата поради коронавирусот
Додека во светот владее страв од зараза со коронавирус, луѓето се трудат да објавуваат добри вести на социјалните мрежи за да ги развеселат. Така, во последните неколку дена имаше соопштенија во кои се вели дека лебедите и делфините се вратиле во венециските канали, а многумина се забавуваа со приказната за стадо слонови, кои се напиле и заспале во кинеското село Јунан.
Проблемот е во тоа што повеќето објавувања во врска со обновувањето на природата откако луѓето се во изолација не се вистинити, пишува „Нешнл џиографик“.
Споменатите лебеди редовно се појавуваат во каналите на Бурано, остров во венецискиот канал, па не е ни чудо што тие се снимени таму. Наводните делфини во Венеција биле, всушност, снимени во пристаништето во Сардинија, кое е оддалечено стотици милји од Венеција.
Никој не знае точно од каде потекнуваат фотографиите од пијаните слонови, но кинеските медиуми јавуваат дека иако е вистина дека слоновите неодамна поминале низ селото, нивното присуство таму не е невообичаено, и дека тоа не се слоновите од фотографиите и дека не се опијаниле и заспале во полето.
„Нешнл џиографик“ ја објаснува појавата на вакви лажни вести со потребата луѓето да споделат нешто во време на криза, што ќе донесе позитивни емоционални реакции, а веселите фотографии од животни помагаат да се справат со стресот.
Here's an unexpected side effect of the pandemic – the water's flowing through the canals of Venice is clear for the first time in forever. The fish are visible, the swans returned. pic.twitter.com/2egMGhJs7f
— Kaveri ?? (@ikaveri) March 16, 2020
Кавери Ганапатија Ахуја од Индија, која сподели фотографии од лебедите, не знаејќи дека се работи за нормална појава на Буран и чие објавување стана многу споделувано, вели дека нема намера да ги избрише.
Ерин Вогел, социјален психолог од Универзитетот „Стенфорд“, тврди дека така луѓето си ги олеснуваат справувањето со појавата на пандемија, колапсот на економијата и ненадејната изолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.
Свет
Двајца скијачи загинаа во лавина во САД, третиот успеал да се ископа од снегот
Откако вчера започна лавина во планините покрај Солт Лејк Сити, Јута, двајца скијачи загинаа, додека властите успеаја да спасат трет со хеликоптер.
Несреќата се случила во близина на Лон Пик, каде неодамна паднаа над 76 сантиметри снег. Центарот за лавина во Јута (UAC) ја потврди смртта на двајца мажи. Спасувачите досега не можеа да стигнат до нивните тела поради небезбедни услови. Центарот наведува дека фаталните лавини се ретки во овој период од годината.
Спасувачите со хеликоптер стигнале на местото на несреќата во кањонот Литл Котонвуд и потврдиле дека двајца скијачи загинале, пишува Би-би-си.
Третиот скијач успеал да се ископа од лавината и бил пренесен во болница. Имињата на загинатите мажи се уште не се објавени, но станува збор за скијачи на возраст од 23 и 32 години. Едниот бил од Јута, додека другиот пристигнал да скија од друга американска држава.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.