Свет
НВО ги учела мигрантите како да ги измамат глупавите граничари на ЕУ
Група што им помогнала на повеќе од 15.000 бегалци и мигранти да влезат во Европа била снимена како признава дека системски ги обучувала барателите на азил како да ги искористат интервјуата за скрининг со тоа што ќе глумат траума и прогон, пренесува РТ.
Ариел Рикер, извршен директор на „Адвокејтс аброд“, голема непрофитна НВО која обезбедува правна помош за мигрантите, е снимена додека јавно дикутира за тоа како ги учи бегалците да ги лажат граничните агенти. Видеото го објави канадската десничарска активистка и авторка Лорен Јуна и ќе биде дел од нејзиниот нов документарен филмски проект „Без граница“, кој се фокусира на европската мигрантска криза.
На својата веб-страница „Адвокејтс аброд“ тврдат дека им помогнале на најмалку 15.000 мигранти да ја преминат грчката граница и на 2.500 надвор од Грција. Организацијата е огромна и зема волонтери од поголемите универзитети, а беше дури и дел од документарен филм на Меѓународната адвокатска комора.
На снимката Рикер опишува како организацијата обезбедува обука за мигрантите што сакаат да влезат во Европа, на која учат како да се однесуваат на интервјуата со граничните агенти:
„Им велам дека ова е актерство, сето ова е глума… за да успеат да влезат, мора да ја одиграат својата улога во театарот“.
Таа исто така го нарекува персоналот на Европската канцеларија за поддршка на азилот (ЕАСО), кој има задача да ги провери мигрантите, ебано глупав и ја опишува формулата што организацијата ја создала за да ги искористи на интервјуата.
Еден метод што го учат мигрантите е да ги злоупотребат христијанските симпатии на претежно православните Грци преправајќи се дека се прогонети затоа што се христијани. Таа опишува дури и како ги учела да се молат на интервјуата затоа што тоа, наводно, ја одразува чесноста.
Отпрвин организацијата реагира на видеото на „Твитер“, но потоа нејзината страница на „Твитер“ и на „Фејсбук“ со над 140.000 следбеници беше затворена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.