Свет
Небензја порача: Знаете дека нашите сили се во Сирија
Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, ги повика САД и нивните сојузници да се воздржат од воени акции против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје.
Тој истакна дека итен приоритет е да се спречи опасност од војна. Прашан дали мисли на војна помеѓу САД и Русија, Небензја на новинарите им рече дека Русија, за жал, не може да исклучи ниту една можност.
„Ги видовме пораките кои доаѓаат од Вашингтон. Многу се воинствени“, истакна рускиот амбасадор.
Тој укажа и дека САД знаат оти руските сили се распоредени во Сирија.
„Опасноста од ескалација е поголема бидејќи наша војска е таму. Ситуацијата е опасна“, предупреди Небензја.
Тој вели дека е незамисливо Американците да нападнат цели во Сирија на кои се распоредени руски трупи. Амбасадаорот се надева дека во Сирија нема да дојде до точка од која нема враќање назад.
Според неговите зборови, дури и американските закани за ракетен напад на Сирија претставуваат кршење на Повелбата на Обединетите нации.
Небензја рече дека Русија повикува на отворена седница за Сирија, со учество на генералниот секретар на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во соопштение објавено денес.
Во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, Лавров, исто така, ја повика Јапонија да „размисли внимателно“ за она што го опиша како пат кон милитаризација.
Depositphotos
Свет
Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида
Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида.
Зеленски одржал видеоконсултации со лидери на повеќе европски земји, Канада, како и со високи претставници на Европска унија и НАТО. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порачаа дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, ниту во војна, ниту во мир, ниту во обновата.
ЕУ најави продолжување на притисокот врз Русија преку санкции и поддршка за европскиот пат на Украина. Европските лидери истакнаа дека ќе продолжат тесно да соработуваат со САД за постигнување праведен и траен мир.
Зеленски изјави дека на средбата со Трамп ќе ги истакне „црвените линии“ на Украина, нагласувајќи дека нема да прифати капитулација или мир диктиран од Москва. Тој најави разговори за мировен план во 20 точки, при што безбедносните гаранции ќе бидат клучни.
Украинскиот претседател побара дополнителни противвоздушни системи и проектили, нагласувајќи дека Русија секојдневно извршува напади и не покажува интерес за мир. Тој додаде дека за повоената обнова на Украина ќе бидат потребни средства до 800 милијарди долари.
Русија не учествува во разговорите во Палм Бич, а Зеленски истакна дека траен мир не е можен без договор со Москва.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.

