Свет
Нелегален мигрант се обидел да го преплива Ла Манш
Еден 47-годишен Ирачанец морало да биде спасен неделава кога се обидел да го преплива Ла Манш за нелегално да влезе во Велика Британија, пренесува „Франс бле“.
Ирачанецот успеал да преплива околу пет километри пред да бидат забележан во каналот во 6.30 часот изутрината од локалните риболовци, кои потоа ги предупредиле француските власти во владината канцеларија CROSS Gris-Nez.
Еден жандармерен брод бил испратен да го спаси човекот. По спасувањето, мигрантот бил пренесен во локалната болница, каде што му била дијагностицирана блага хипотермија.
Арно Шасери, специјалист за пливање, смета дека првите знаци на хипотермија кај мигрантот веројатно му се појавиле најмалку два часа пред неговото спасување.
„Има силни струи, треба да замислите реки со неверојатни струи што ќе ве одведат далеку на север“, рече тој.
Иако редок, случајот не е прв пат мигранти да се обидат да го препливаат каналот што ги одвојува Франција и Велика Британија. Во 2015 година двајца Сиријци се обиделе да преминат, но се удавиле, а нивните тела биле откриени во Холандија и Норвешка поради струите.
Претходно, годинава, Комитетот за внатрешни работи на долниот дом во Британија обелодени дека од јануари 2018 до февруари 2019 година 739 мигранти се обиделе да го преминат каналот, при што 135 успеале да стигнат во Англија, без да бидат пресретнати.
Иако повеќето од мигрантите биле пресретнати од властите, 293 биле пренесени во Велика Британија од страна на граничната служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.