Свет
Нема да има повеќе војни во Либија, вели премиерот Дибејбе
Либискиот премиер Абдул-Хамид Дибејбе изјави вчера дека повеќе нема да има војни во Либија и дека неговата влада ќе му ги обезбеди на Сабха, регион на југот од земјата, сите потребни услуги за ублажување на страдањата на луѓето, пренесуваат локалните медиуми.
Дибејбе вчера посочи дека неговата влада е посветена на обезбедување на Сабха со план за поддршка на безбедносниот апарат за борба против криминалот и тероризмот и обезбедување на изборите закажани на 24 декември.
„Владата ќе издвои 500 милиони динари (180 милиони американски долари) во битката на Министерството за здравство против Ковид-19, а вакцините и лековите постепено ќе пристигнуваат во Либија“, објасни тој.
Либискиот премиер истакна дека владата на национално единство постигнала значаен напредок во обединувањето на поделените државни институции во земјата и стави акцент на пречките пред обединувањето на армијата.
Во меѓувреме, ЕУ на почетоот од месецот истакна дека работи на планот за воена мисија во Либија со цел полето на воена активност да не биде оставено на трети земји.
„Мировниот процес во Либија бара разоружување, ликвидација и реинтеграција од големи размери на борците, како и реформи во безбедносниот сектор. Ако либиските власти прифатат, може да се добие правото авионите за набљудување на ЕУ да летаат над територијата на земјата“, се вели во извештајот на ЕУ од 1 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.