Свет
Нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во Непал

Непалските власти соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, но спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник.
Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица.
„Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи“, изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Покара.
Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Воен авион се урна во училиште во Бангладеш полно со деца: има загинати

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени кога авион за обука Ф7 на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училишен кампус во северна Дака, кратко по полетувањето, објави локалната телевизија.
По падот, авионот од кинеско производство се запалил, а според првичните информации засега е пронајдено телото на пилотот.
A training aircraft has crashed in Uttara, #Dhaka. The incident occurred this afternoon (Monday) in the Milestone College area of Uttara.
According to the Inter-Services Public Relations (ISPR), a Bangladesh Air Force F-7 BGI training aircraft crashed in Uttara. The aircraft… pic.twitter.com/DeivlfQI7o
— Basherkella – বাঁশেরকেল্লা (@basherkella) July 21, 2025
„Воздухопловните сили спасија четири повредени лица и ги однесоа во болница“, изјави Лима Канам, службеник на противпожарната служба, што беше и првата информација за несреќата.
Сепак, бројот на повредени оттогаш се зголеми. Според телевизијата Јамуна, повредени се најмалку 13 лица, вклучувајќи ученици и студенти.
🇧🇩🚨🚨 BREAKING 🚨🚨
Training aircraft crashed at Uttara Milestone College….!#Bangladesh #Dhaka pic.twitter.com/M9f0GbPC2f— Huda (@faisalhuda_) July 21, 2025
Авионската несреќа се случила во кампусот на училиштето и колеџот Мајлстоун во Утара околу 13:30 часот по локално време, околу дваесет минути по полетувањето. Несреќата се случила додека во училиштето се одвивала настава.
Фото: принтскрин
Свет
Иран, Русија и Кина утре на средба за нуклеарната програма

Иран, Русија и Кина утре се среќаваат за да разговараат за нуклеарната програма на Иран и ризикот од повторно воведување санкции преку механизмот на ОН за автоматско враќање на санкциите, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Велика Британија, Франција и Германија, познати како Е3, предупредија дека ќе го користат овој механизам, кој повторно би вовел меѓународни санкции врз Иран, доколку до крајот на август не се постигне напредок во нуклеарните преговори, објави Ројтерс.
„Постојано се координираме со овие земји за да спречиме (активирање на механизмот за враќање) или да ги ублажиме неговите последици“, рече Багеи, додавајќи дека Велика Британија, Франција и Германија немаат правна основа за активирање на механизмот.
Фото: принтскрин
Свет
Џонсон: Тажен сум од слабиот интерес на Британците за Украина

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон вели дека е „прилично тажен“ поради недостатокот на интерес за конфликтот во Украина меѓу Британците. Анкетите покажуваат дека поддршката за Украина постојано се намалува меѓу Британците.
Британците станаа порамнодушни кон конфликтот во Украина, рече поранешниот британски премиер Борис Џонсон, додавајќи дека е многу тажен поради ова, пренесува „Телеграф“.
„Интересот за Украина е многу низок овие денови. Тоа го сметам за доста тажно.
Тоа е прашање број еден за мене“, рече Џонсон на настан за украинските ветерани во украинската амбасада во Лондон.
Тој, исто така, изрази незадоволство од постапките на сегашното британско раководство во однос на поддршката и соработката со Киев. Според поранешниот премиер, иако Лондон продолжува да игра голема улога во ова прашање, тоа веќе не е истата „лидерска, идеолошка улога“ што ја имаше претходно.
Фото: принтскрин