Свет
Ненси Пелоси: Конгресните избори се борба за демократија
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во своето прво јавно појавување по нападот врз нејзиниот сопруг изјави дека претстојните конгресни избори се борба за демократија и дека таа ќе победи, пренесе денеска АП.
Пелоси рече дека Демократската партија не се бори само за победа на овие избори, туку и за зајакнување на демократијата.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за време на видео обраќање рече дека заздравувањето на нејзиниот сопруг Пол (82) ќе трае долго и им се заблагодари на сите што му помогнале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вицепремиерката на Шпанија најави дека ќе престане да ја користи социјалната мрежа Х
Потпретседателката на шпанската влада Јоланда Дијаз денеска изјави дека ќе престане да ја користи социјалната мрежа Х, во сопственост на милијардерот Илон Маск, поради неговото однесување во понеделникот за време на настаните поврзани со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Нема да бидам дел од социјална мрежа заснована на употреба на алгоритми кои поттикнуваат ксенофобични идеи, се спротивставуваат на човековите права и ја охрабруваат екстремната десница во светот“, изјави Јоланда Дијаз.
Таа рече дека ја донела одлуката не само поради гестовите на Маск, туку и поради тоа што тој го кажал, пренесува Ројтерс.
Маск ја крена раката на начин што привлече споредби со нацистичкиот поздрав на настан поврзан со инаугурацијата на Трамп.
Неодамна, германските министерства за надворешни работи и за одбрана објавија дека ќе престанат да ја користат мрежата Х, што веќе го направија неколку универзитети во Велика Британија и Германија.
Свет
(Видео) Експлозија во европско пристаниште – има загинати
Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на пристаништето во Барселона утринава, соопштија службите за итни случаи во шпанската област Каталонија.
Una explosión en el Muelle de Energía del Puerto de Barcelona ha dejado al menos un muerto y un herido#explosion #Barcelona #iranpress pic.twitter.com/pOZvl6xGYz
— SpanishIranpress (@Spainiranpress) January 21, 2025
Се известува дека пожарот предизвикан од експлозијата е изгаснат.
Службите за итни случаи објавија на платформата X дека експлозијата се случила за време на одржување на пристаништето каде што се натоварени хемикалии, природен гас и рафинирани нафтени деривати.
Градското собрание на Барселона соопшти дека прогласило вонредна состојба поради ризикот од хемиско загадување по пожарот предизвикан од експлозија на транспортен резервоар, пренесе Ројтерс.
Свет
Ослободени двајца Американци во Авганистан во размена со талибанците
Двајца Американци држени од талибанските власти во Авганистан се ослободени во замена за еден Авганистанец затворен во САД под обвинение за трговија со дрога и тероризам, јавува Би-Би-Си.
Рајан Корбет и Вилијам Валас Мекенти беа ослободени откако Кан Мохамад, кој издржуваше доживотна казна затвор во федерален затвор во Калифорнија, беше вратен во Авганистан. Талибанската влада во Кабул го објави договорот во соопштение, велејќи дека е постигнат непосредно пред крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден.
Семејството на Рајан Корбет го потврди неговото ослободување, додека американските медиуми, повикувајќи се на официјални извори, го идентификуваа Вилијам Валас Мекенти како вториот ослободен Американец. Според извештаите, договорот е резултат на двегодишни преговори и бил склучен непосредно пред Џо Бајден да му ја предаде власта на Доналд Трамп.
„Авганистанскиот борец Кан Мохамад, затворен во Америка, е ослободен во замена за американски државјани и вратен во својата земја“, се вели во соопштението на талибанското Министерство за надворешни работи.
Семејството на Рајан Корбет им се заблагодари на двете администрации, како и на Катар, за, како што велат, клучната улога во овој процес.
„Денес, нашите срца се исполнети со неизмерна благодарност и пофалба на Бога што го зачувал животот на Рајан и го вратил дома по 894 најпредизвикувачки и неизвесни денови во нашиот живот“, велат од семејството.
Рајан Корбет, кој со години живеел во Авганистан со своето семејство, бил уапсен пред повеќе од две години додека се враќал во земјата на службено патување.
Има малку достапни информации за Вилијам Валас Мекенти, а неговото семејство побара приватност.
Кан Мохамад, член на Талибанците, заробен за време на американскиот воен ангажман во Авганистан и затворен во 2008 година, беше ослободен во размена на затвореници. Претседателот Џо Бајден го помилува непосредно пред истекот на неговиот мандат и тој беше осуден на доживотен затвор. Талибанците ја нарекоа размената резултат на долги и плодни преговори со САД, опишувајќи ја како добар пример за решавање на проблемите преку дијалог.