Свет
Нетанјаху: Ако не надвладее цивилизацијата, ќе надвладее варварството, а тоа е и ваша битка

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не само што води сопствена војна против палестинската милитантна група Хамас туку тоа е и „цивилизациска битка против варварството“.
„Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е вашата битка“, изјавил Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим, пишува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе по холокаустот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да пиете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на капитал, додавајќи дека тој намерно не влијаел на распродажбата на пазарите.
„Не сакам ништо да пропадне, но понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто. Другите земји нè третираа лошо бидејќи имавме глупаво раководство што дозволи тоа да се случи“, рече Трамп, говорејќи пред новинарите во авионот „Ер Форс 1“, за економските последици од неговите огромни царини.
Зборувајќи со новинарите, Трамп не покажа знаци на повлекување од неговите планови за царинската политика или загриженост за огромните загуби на Волстрит, кои веќе избришаа речиси 6 трилиони долари од американските акции во четвртокот и петокот. „Што ќе се случи со пазарите, не можам да ви кажам. Но, нашата земја е многу посилна“, тврди Трамп.
Тој рече и дека нема да склучи договор со Кина доколку не се реши трговскиот дефицит што го имаат САД со таа земја. „Ако не го решиме тој проблем, нема да склучам договор“, рече Трамп. Тој потврди дека разговарал со европските и азиските лидери за царините наметнати од неговата администрација, додавајќи дека тие „умираат за да постигнат договор“.
„Доаѓаат на маса. Сакаат да разговараат, но нема разговор освен ако не ни плаќаат многу пари на годишно ниво“, рече Трамп.
Американските цариници во саботата почнаа да наметнуваат еднострани царини од 10 отсто на Трамп за сите увозни производи од повеќе од 180 земји. Повисоките царински стапки, кои се движат од 11 до 50 отсто за одделни земји, треба да стапат на сила во среда.
Регион
Ѓуро Мацут предложен за мандатар на новата влада на Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека за мандатар на новата влада е предложен проф. д-р Ѓуро Мацут.
Вучиќ рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок и дека ѝ претстојат тешки задачи – дека земјата се спротивставува на сите притисоци во однос на регионалната политика, дека земјата го решава даночното прашање со САД, дека го забрзува европскиот пат, дека во исто време ги зачувува своите традиционални пријатели на истокот и го враќа нивото на инвестиции, и странски и домашни.
Да потсетиме, премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, бидејќи сметаше дека е објективно одговорен за нападот врз студентите во Нови Сад.
Српскиот парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што беше урната актуелната влада на Србија.
Рокот за избор на нова влада е 18 април.
Свет
(Видео) Илјадници поддржувачи на Ле Пен се собраа на протест во Париз

Илјадници луѓе се собраа денеска во Париз во знак на поддршка на француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен, која најави дека мирно ќе се бори против петгодишната забрана да се кандидира за политички функции и ќе црпи инспирација од американскиот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг.
Поддржувачите на Марин Ле Пен вееја француски знамиња и извикуваа „ние ќе победиме“.
IT'S HAPPENING
Massive protest in France as huge crowd demonstrates against Marine Le Pen being banned from running for President in 2027.
Looks like the French people want democracy.pic.twitter.com/RTmhaXeLLy
— PeterSweden (@PeterSweden7) April 6, 2025
Судот во Париз ги осуди Ле Пен и дваесетина членови на партијата Национален собир за проневера на европски пари и изрече казна со која ќе ѝ забрани да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, освен ако не успее да ја поништи пресудата во рок од 18 месеци.
„Нашата борба ќе биде мирна и демократска борба. Го земаме за пример (американски баптистички свештеник, политичар и активист) Мартин Лутер Кинг кој ги бранеше граѓанските права“ затоа што „денес станува збор за граѓанските права на Французите“, рече таа преку видео-конференција одржана со членовите на италијанската лега, антиимиграциската партија на Матео Салвини во Фиренца.