Свет
Нетанјаху денес ќе биде известен за обвиненијата за поткуп
Израелскиот јавен обвинител Авишај Манделблит денес ќе ја објави својата намера да го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за кривични дела во сите три случаи против него, вклучително и за поткуп како дел од истрагата за корупција во Безек, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху, реагирајќи на веста, ги нарече апсурдни очигледните планови за негово обвинување за поткуп и инсистираше на тоа дека „кулата од карти“ на Обвинителството наскоро ќе се распадне
Според извештаите на медиумите, Манделблит одлучил да го обвини Нетанјаху за поткуп само во еден случај, а во двата други случаи би бил обвинет прекршување на довербата, што е помало кривично дело.
Одлуката на Манделблит ќе биде испратена до сите осомничени во покренатите случаи, во исто време во текот на денот, објави Канал 12, иако сè уште не е јасно кога точно ќе се случи тоа. Обвинителите ќе контактираат со правните тимови на осомничените и ќе ги известат за наводите против нив, по што биде дадена изјава за медиумите.
Ако биде обвинет, Нетанјаху ќе биде известен дека може да побара судски претрес за да го оспори планираното обвинение. Тој процес може да трае до една година, а во тој период Нетанјаху не е законски обврзан да се повлече од функцијата. Не е јасно дали Нетанјаху може да остане на функцијата откако ќе биде формално обвинет за кривични дела.
Нетанјаху ги негираше сите наводи во сите три случаи и тврди дека истрагите против него се „лов на вештерки”, во кои се вклучени левицата, медиумите и полицијата, кои немилосрдно врзаш притисок врз „слабиот” јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

