Свет
Нетанјаху нема да поднесе оставка поради обвинувањата за корупција
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот изјави дека има намера да ги победи на претстојните парламентарни избори и да остане на функцијата уште многу години и покрај тоа што се соочува со обвиненија за корупција, пренесува „Спутник“.
Израелскиот јавен обвинител Авихаи Манделблит ја објави намерата да поднесе три обвиненија за корупција против Нетанјаху, вклучувајќи поткуп, измама и прекршување на довербата. Според локалните медиуми, Манделбит ќе му даде можност на Нетанјаху да ги оспори обвиненијата на судско сослушување.
„Планирам да останам на функција. Ќе бидам премиер уште многу години, но сето тоа зависи од вас, граѓани на државата Израел“, рече Нетанјаху за време на обраќањето до гласачите.
Според Нетанјаху, тој е жртва на лов на вештерки, чија цел е да влијае врз резултатите од изборите.
Нетанјаху е обвинет за лобирање за израелскиот телекомуникациски гигант „Безек“ и за ветување во еден од најголемите весници, „Једиот Акрон“, дека ќе се справи со нивниот ривал во замена за поволно известување, како и за примање подароци во вредност од речиси 300.000 долари од бизнисмени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

