Свет
Нетанјаху прогласи победа на изборите
Премиерот Бенјамин Нетанјаху прогласи голема победа за неговиот десен блок на парламентарните избори во Израел, и покрај фактот што официјалните резултати можеби нема да бидат познати во наредните денови, пренесува АП.
Нетанјаху им порача на Израелците дека донеле голема победа на десницата и партијата Ликуд под негово водство.
Според излезните анкети пред изборите, Ликуд важеше за најсилна единствена партија, а предност имаа десничарските партии, но некои од тие партии не се согласуваат со политиката на Нетанјаху, па затоа е нејасно дали тој ќе може да формира влада доколку се остварат тие предвидувања, ренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко го пофали Ким Џонг-ун: Тој го знае своето место во светот, тој не е некаков фантом
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека, по средбата со севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун, добил впечаток дека е „сосема нормална личност која го знае своето место во светот“.
Лукашенко рече дека неговиот впечаток за Ким Џонг-ун главно се темелел на она што го објавиле медиумите, но дека по средбата на воената парада во Кина во септември оваа година, добил впечаток дека „е можно да се постигне договор со него“, објавува агенцијата Белта.
„Но, кога разговарав со него, видов сосема нормална личност која го знае своето место во светот. Тој не е некаков фантом. Тој е пристојна, смирена, искрена личност. Тоа беше кратка средба. Но, тоа е впечатокот што го добив. Сигурен сум дека мојот впечаток е точен. Можно е да се постигне договор со него“, истакна Лукашенко.
Лукашенко, исто така, рече дека е можно да ја посети Северна Кореја.
Во честитката до Ким Џонг-ун, по повод националниот празник на 9 септември, тој ја потврди својата подготвеност да го стори тоа во најкраток можен рок за двете страни, така што меѓудржавните односи ќе се подигнат на квалитативно ново ниво.
Фото: депозитфотос
Свет
Орбан пристигна во Брисел на клучниот состанок: „Договорот е мртов“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел дека, според него, идејата за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина пропаднала.
Орбан им рече на новинарите дека во Европската унија ќе има доволен број земји-членки за таканареченото блокирачко малцинство кое ќе ја спречи одлуката за репарацискиот заем за Украина.
Тој исто така додаде дека Европската унија мора да „се држи подалеку од војната“ и да „работи за постигнување мир“.
Медиумите потсетуваат дека лидерите на Европската унија денес се среќаваат во Брисел на еден од најнапнатите самити во последните години за да се договорат за клучна одлука за финансирањето на Украина за 2026 и 2027 година.
Фото: депозитфотос
Свет
Фон дер Лајен: Нема да го напуштам самитот на ЕУ без решение за финансирањето на Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека очекува земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за финансирањето на Украина на дводневниот самит, кој започнува денес во Брисел.
„Нема да го напуштам советот без решение за финансирање на Украина“, изјави таа пред новинарите пред состанокот, пренесува Ројтерс.
За да можат да ги користат замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ прво треба да ја убедат Белгија, која поседува 185 милијарди евра од вкупно 210 милијарди евра замрзнати во Европа, дека нема да биде оставена сама ако Русија поднесе тужба пред меѓународните судови.
„Целосно ја поддржувам Белгија“, изјави претседателката на Европската комисија, според агенцијата.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека е уверена дека лидерите на Европската Унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ.
Во интервју за германскиот радио канал „Дојчландфунк“, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација.
Лидерите на Европската унија денес ќе одлучат како да ја финансираат Украина во 2026 и 2027 година, за да може таа земја да продолжи да се спротивставува на руската агресија, а користењето на руските средства замрзнати во ЕУ е најверојатната опција, пренесува „Ројтерс“, пренесува „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

