Европа
„Не сакам да умрам!“ – убиството во ресторанот во Турција предизвика бурни реакции во јавноста
Грозоморното убиство што се случи на 18 август во градот К’риккале во централна Турција, при кое осомничениот Федаи Варан (43) во еден ресторан на најпрометната улица на градот ја уби својата поранешна сопруга Емине Булут пред нивната 10-годишна ќерка, го актуелизира повторно проблемот на насилството врз жените во земјата. Оваа семејна драма во која мажот со нож ѝ ја пресече вратната артерија на бившата сопруга, а која беше забележана со видеоснимка во која се слушаат последните зборови на жртвата: „Не сакам да умрам!“ предизвика лавина реакции во јавноста. Настанот кој побуди бурни реакции во јавноста, особено кај женските здруженија и активисти, интелектуалците, музичарите и спортистите со денови е ударна тема на телевизиските програми во Турција.
Познатата адвокатка и заштитничка на правата на жените, Кезбан Хатеми, која беше гостин во една од емисиите на оваа тема, во телевизијата „Хабертурк“, истакна дека проблемот лежи во системот на доминантно машко општество и причините не треба да се бараат ниту во религијата ниту во нешто друго, туку во обичајното право и притисокот на средината, а решението на проблемот меѓу другото го гледа и во разоружување на цивилите.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, во истата програма во врска со случајот изнесе интересен податок за апликацијата КАДЕС (Апликација за поддршка за жените) на министерството која се применува во земјата од март 2015 година. Со оваа апликација се овозможува потенцијалната жртва во случај на опасност по живот, со притискање на само едно копче да прати сигнал за помош до органите на безбедност, наместо да го врти телефонскиот број на полицијата. Оваа апликација, иако е ставена во употреба пред повеќе од три години, за жал, не добила многу голема општествена поддршка бидејќи освен министерството и неколку женски здруженија кои ја објавиле на своите сајтови, не била доволно рекламирана. Поради тоа, апликацијата на своите телефони ја симнале само 70 илјади лица, но паѓа во очи фактот дека по убиството на Емине Булут, кое ја разбрани јавноста, оваа бројка нагло се искачила на 182 илјади лица.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Турција во 2018 г. имало намалување во бројот на убиства за 25 отсто во однос на порано, но во 2019 г. бројот на убиства се зголемува. Според министерот Сојлу, доколку се споредуваат податоците, во САД во 2015 г. во Турција на милион жени бројот на убиени бил 5, а во САД тој број бил четирипати поголем. За решавање на овој сложен проблем министерот истакнува дека треба да се направи т.н. „рециклирање на менталитетот“. Министерството веќе презема одредени чекори во овој поглед, меѓу кои се наоѓа и планот за вработување на 3 илјади жени полицајци, помеѓу другото и со цела жените кога ќе дојдат во полициска станица да ги дочека жена. Овој податок е битен поради поплаките дека во голем број случаи и покрај пријавите во полиција голем дел од жените во полициската станица се убедуваат да се вратат во своите домови и на тој начин се одложува случајот.
Министерот Солју истакнува дека исламската вера и култура не дозволуваат вакво однесување кон жената. Како битен фактор за насилството врз жените министерот Сојлу го истакнува и влијанието на степенот на образованието. Новинарката Нихал Бенгису од телевизија „Хабертурк“ истакнува дека треба да се бараат начини на жената да почне се гледа како на човек, а не како на жена и дека значаен проблем е и токму тоа што во општеството на жената ѝ се придаваат атрибути на светица кои токму и ѝ наштетуваат, па таквиот пристап доведува до тоа таа одеднаш да може да се перцепира и како ѓавол. Познатиот турски новинар Фатих Алтајли ги отфрла мислењата дека давање голем публицитет на убиствата на жените поттикнува други убиства и смета дека проблемот лежи во воспитанието, кое почнува од мајката која треба да го расне синот не како машко туку првенствено како човек.
Постојат и мислења дека врз насилството на жените влијаат и телевизиските серии со начинот на прикажување на жената во општеството.
Според извештајот на Претседателството на Полициската академија насловен „Податоци и анализи на убиствата на жени во светот и во Турција во 2017-2018-2019“, кој е објавен во април 2019 г., во Турција во последните 3 години 932 жени биле жртви на убиство. Најголем број убиства биле извршени во трите најголеми града на земјата: Истанбул, Анкара и Измир, а 46 отсто на извршителите на убиствата и жртвите имале основно образование.
Повеќе од половина од убиствата на жени биле извршени со огнено оружје, за кое во 83 отсто случаи не се поседувала дозвола, а 31,9 отсто биле извршени со нож или други предмети. 15 отсто од убиствата се случиле на улица, додека поголемиот дел дома. Цел на убиство биле жени од сите возрасти, а најстарата жртва во последните три години била 88-годишна жена.
Асуде А. Кочан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

