Свет
„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија
Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се осврнаа и на приказната на уште еден Сириец кој го спречи неговиот земјанин да избоде уште повеќе луѓе, совладувајќи го на начин што со возилото се упатил кон него и го турнал на земја.
Четириесет и двегодишниот Алаедин Алхалаби од Сирија со години работел како доставувач на храна во Австрија. Тој бил сведок на нападот, а од полицијата истакнаа дека без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот.
„Прво се расправаше со луѓе на споредна улица, а потоа наеднаш почна да ги напаѓа. Првин се обидовме да го задржиме, но кога го видовме ножот веднаш се оддалечивме“, раскажува за „Кроне“ еден од сведоците на нападот, 29-годишниот Махир. Тој и неговиот пријател Мартин (36) работат и живеат во непосредна близина на местото на злосторството и добро го познаваат доставувачот на храна кој спречил натамошна трагедија.
„Видов лице како лежи на земја, а маж со нож ги напаѓа минувачите. Ниту еден момент не размислував, само возев со мојот автомобил кон него“, опишал Сириецот кој го запрел напаѓачот.
„Тој се движеше кон центарот на градот, а имаше деца на улица – не можев да го дозволам тоа. И јас сум татко, имам и деца“, рече Алхалаби во интервју за Кроне.
BREAKING:
Terrorist attack in Villach, Austria.
A Syrian asylum seeker stabbed 5 random people on the street, killing a 14-year-old boy.
Witnesses say he shouted “Allahu Akbar” after the attack and was smiling when arrested by the police. Source: Salzburger Nachrichten. pic.twitter.com/NWmLg4IQxl
— Visegrád 24 (@visegrad24) February 15, 2025
„Да бев само малку побрз, можеби 14-годишното момче сè уште ќе беше живо… Само што требаше да ја земам нарачката во Ледерергасе кога видов крв и две повредени лица на земја“, се сеќава 42-годишниот. Тој со својот автомобил се упатил кон напаѓачот со нож. „Го удрив и го фрлив неколку метри. Тој остана да лежи на земја“, опишува Алхалаби.
Минувачите почнале да го удираат неговиот автомобил.
„Мислеа дека јас сум напаѓачот“, објаснува тој.
Остро ги осуди постапките на својот сонародник:
„Не сме сите такви! Јас сум тука многу години, добро се интегрирав, како и многу други. Се надевам дека луѓето нема да не споредуваат со сторителот“, рече тој.
„Реагирав инстинктивно. Верувам дека секој на мое место би го направил истото“, заклучи.
„Ова страшно злосторство мора да има најтешки последици! Јас секогаш сум го кажаувал тоа јасно: кој живее во Корушка, во Австрија, мора да ги почитува законите и да се приспособи на нашите правила и вредности“, рече гувернерот на Корушка, Петер Кајзер.
„Секој што нема да го стори тоа мора да се соочи со најстрогите последици – да биде изведен пред суд, затворен и депортиран! рече тој.
И гувернерот изрази сочувство до семејството и жртвите: „Моето најдлабоко сочувство, како гувернер и пред се како татко, одам до семејството на убиениот млад човек“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Телеграм: Русите лажат за нашите пораки за да ги принудат граѓаните да ја користат нивната апликација
Телеграм вели дека не пронашол никакви недостатоци во енкрипцијата, отфрлајќи ги тврдењата на руската влада дека странските разузнавачки служби можат да ги гледаат пораките испратени од руски војници на апликацијата за пораки. Рускиот државен регулатор воведе ограничувања на Telegram, клучна платформа за јавна и приватна комуникација во земјата, поради, како што велат, неуспехот на компанијата да отстрани екстремистичка содржина.
Министерот за дигитален развој Максуд Шадаев вчера изјави дека странските разузнавачки служби можеби ги гледале пораките на Telegram испратени од руски војници кои се борат во Украина. Руските војници, воените дописници и политичарите рекоа дека апликацијата е широко користена од војниците, не само за комуникација со своите семејства дома, туку понекогаш и за оперативни цели.
„Никогаш не се пронајдени прекршувања на енкрипцијата на Telegram“, изјави компанијата за Ројтерс. „Тврдењето на руската влада дека нашата енкрипција е компромитирана е намерна измислица дизајнирана да го оправда забранувањето на Telegram и принудувањето на граѓаните на платформа за пораки контролирана од државата, дизајнирана за масовен надзор и цензура“, додаде компанијата.
Русија, исто така, блокираше или ограничи други странски платформи за пораки како што се WhatsApp на Meta и FaceTime на Apple. Властите ги повикаа луѓето да се префрлат на новата владина апликација наречена MAX, отфрлајќи ги обвинувањата дека е дизајнирана како алатка за надзор.
Свет
Унгарија со Трамп; „Киев да престане со политичката уцена“
Унгарија се приклучува кон Американскиот мировен комитет и, како што вели шефот на дипломатијата Питер Сијарто, сака да учествува во медијацијата не само во Газа, туку и во Украина, додека во исто време вели дека Будимпешта нема да се согласи на, како што тврди, политичка уцена од Киев.
Сијарто изјави во Вашингтон дека овој комитет може да се справи не само со ситуацијата во Газа, туку и со конфликтот во Украина, објави „МТИ“.
Унгарскиот министер истакна дека новиот светски поредок зависи од билатералните односи, меѓувладината соработка и личните контакти, и дека дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп нудат шанса за мир, споредлива со Абрахамовите договори од 2020 година што ги нормализираа односите меѓу Израел и арапските земји.
Покрај својата улога во мировните напори, Унгарија ги штити своите енергетски интереси. Сијарто ја критикуваше Украина за она што тој го тврди како обид за политичка уцена во врска со прекинот на испораките на сурова нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Свет
„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“: Мерц не гледа брз крај на војната во Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека има мали шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори.
Тој изјави за германските весници НБР и „Рајнфалц“ дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.
„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц.
Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и нејзиното финансирање“, според „Шпигел“. Мерц рече дека смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат.
„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“, рече германскиот канцелар.
Според Мерц, руската „владејачка елита“ не може без војна во догледна иднина и мора да ја држи воената машина во функција бидејќи немаат план што друго да прават со стотици илјади војници, од кои некои се тешко трауматизирани, кога ќе се вратат од фронтот.

