Свет
Никола Старџен поднесува оставка од функцијата премиерка на Шкотска
Премиерката на Шкотска, Никола Старџен, ќе поднесе оставка по повеќе од осум години на таа функција, јавува Би-би-си.
Се очекува лидерката на Шкотската национална партија да ја соопшти својата одлука за оставка на прес-конференција во Единбург.
Никола Старџен е премиерка од ноември 2014 година кога ја презеде функцијата од Алекс Салмонд по референдумот за независност. Таа е премиерка со најдолг стаж на таа функција во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Укинат притворот на поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ
Укинат е притворот на поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, кој беше уапсен поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица, соопшти Вишиот суд во Нови Сад, пренесуваат тамошните медиуми.
„Вонистражниот совет на Вишиот суд во Нови Сад, одлучувајќи по жалбите на Вишото јавно обвинителство и бранителот на осомничениот, му го прекина притворот на осомничениот Горан Весиќ, утврдувајќи дека и од наредбата за истрагата, како од доказите доставени од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во списите на предметот, засега не постои основано сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност“, се вели во соопштението на Вишиот суд, стои во написите на медиумите.
Тој суд навел дека јавниот обвинител „досега не доставил докази кои укажуваат на постоење на основано сомнение за причинско-последична врска помеѓу дејствијата опишани од обвинителот и пропуштањето на осомничениот Горан Весиќ со последиците што произлегуваат од тоа“.
„Советот оцени дека жалбените наводи на В.Ј.Т за постоење на влијание врз сведоци и други стравови се бесмислени, па му го прекина притворот на осомничениот Горан Весиќ и нареди веднаш да биде пуштен на слобода“, соопшти Вишиот суд во Нови Сад.
Весиќ, кој поднесе оставка по падот на настрешницата на Железничката станица, беше уапсен на 21 ноември.
Под сомнение дека се одговорни за падот на настрешницата од зградата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, уапсени се уште 12 лица.
Горан Весиќ и Небојша Шурлан поради здравствени проблеми се пренесени од притвор во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, пишуваат српските медиуми.
Свет
Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен
Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена вторпат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, 1 декември.
Гласаа 688 пратеници, од кои 370 гласаа за потврдување на Комисијата, 282 беа против, а 36 беа воздржани.
Комисијата доби помалку гласови од Урсула фон дер Лајен кога Европскиот парламент гласаше за новиот шеф на Комисијата во јули кога таа доби 401 глас.
Пред пет години, во јули 2019 година, Урсула фон дер Лајен доби само 383 гласа, девет повеќе од апсолутното мнозинство, но нејзината прва Комисија доби поддршка од 461 европратеник, значително повеќе од денес, со тоа што тогашниот состав имаше помалку европратеници, 705, а сегашната има 720.
„Првата голема иницијатива на новата Европска комисија ќе биде компас за конкурентност, што вклучува затворање на иновацискиот јаз со САД и Кина, заеднички план за декарбонизација и конкурентност и зголемување на безбедноста и намалување на зависноста. Тој компас за конкурентност ќе биде рамка за нашата работа до крајот на мандатот“, објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во својот говор пред претставниците на Европскиот парламент, во кој ја претстави својата програма.
Таа рече дека компасот ќе биде изграден на три столба од извештајот за европската конкурентност, што за Комисијата го напиша поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги.
Зборувајќи за заостанувањето во иновациите, Фон дер Лајен рече дека ЕУ е на исто ниво со САД и Кина кога станува збор за патенти и создавање стартапи.
Сепак, само една третина од европските патенти се комерцијално експлоатирани, а европските стартапи наидуваат на многубројни пречки за нивниот раст.
Свет
Роберт Фицо му честита на Трамп за победата, разговараа за војната во Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо преку телефонски разговор му ја честитал победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, од кој значаен дел е посветен на анализата на војната во Украина, соопштија од кабинетот на премиерот.
Фицо нагласи дека во Европа, а особено во Словачка, многумина се надеваат дека Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, пренесе ТАСР.
„Убеден сум дека има огромни очекувања во однос на него не само во Словачка туку и во цела Европа кога станува збор за воениот конфликт во Украина“, рече Фицо.