Свет
Ниту блиски пријатели не знаеја за дијагнозата на Кејт Мидлтон: Тоа беше огромен шок
Минатата недела британската принцеза Кејт Мидлтон го шокира светот со објавата дека има рак, а се чини дека ниту нејзините блиски пријатели не знаеле ништо за нејзината здравствена состојба.
„Тоа беше огромен шок. Само многу тесен круг на луѓе знаеја што се случува“, изјави неименуван пријател на принцезата за „Пипл“.
Во видеото што го шокира светот на 22 март принцезата Кејт откри дека ѝ бил дијагностициран рак и дека е на хемотерапија. Кејт зборуваше за тоа како дијагнозата првично била чувана во тајност за благосостојбата на нивното младо семејство, а гласот ѝ затрепери кога ги спомна своите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„Добро сум и секој ден станувам посилна со тоа што се фокусирам на работите што ќе ми помогнат да заздравам – во мојот ум, тело и дух. Во овој момент мислам на сите оние чии животи биле погодени од рак. На сите што се справуваат со оваа болест, во која било форма, ве молиме да не губат верба и надеж. Не сте сами“, вели таа во видеото.
Зад сцената, принцезата од Велс презеде чекори за да му даде приоритет на своето здравје, но таа не беше во целосна изолација. И таа и принцот Вилијам беа видени на спортски настани во последните недели – на 16 март парот беше фотографиран заедно како трчаат во фармата во Виндзор.
„Многу е важно да се забавуваат заедно кога можат. Станува збор за нејзиното чувство на поддршка. Воопшто не се чувствува изолирано“, рекол семеен пријател.
Во деновите по објавата на Кејт, таа и Вилијам се фокусираа на своите деца, кои моментно се на велигденски празници. Петчленото семејство ќе ја прескокне традицијата и нема да присуствува на кралската велигденска служба во капелата „Свети Џорџ“ во замокот Виндзор и, наместо тоа, ќе го помине долгиот викенд приватно дома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Русија изврши голем воздушен напад врз Украина, погодени четири термоцентрали
Русија изврши уште еден голем воздушен напад врз цели низ Украина со бомбардери Ту-95МС и Ту-92М3, тактички авиони, бродови од Каспиското Море, беспилотни летала. Целите беа главно енергетски објекти, а експлозии се регистрирани во областите Харков, Киев, Хмелницки, Виниција, Ивано-Франковск, Житомир, Дњепропетровск, Тернопил, Черновци, Лавов…
Министерот за енергетика Герман Галушченко потврди напади врз индустриски капацитети во три региони на земјата, додека енергетскиот холдинг ДТЕК објави дека биле погодени четири термоцентрали.
– Опремата на четири термоцентрали на украинскиот енергетски холдинг ДТЕК е сериозно оштетена при нападот – објави компанијатa.
‼️росія атакувала 4 ТЕС ДТЕК, серйозно пошкоджено обладнання
Ворог вкотре масово обстріляв енергетичні об'єкти України.
За попередньою інформацією, на жаль, є постраждалі. Надаємо всю необхідну допомогу.
В ці хвилини енергетики намагаються ліквідовувати наслідки атаки. pic.twitter.com/M43OWYC7s9
— Офіційна сторінка Групи ДТЕК (@DTEK_Ukraine) April 27, 2024
Некои воени блогери наведуваат дека термоелектраната Бурштинска во Ивано-Франковската област и термоелектраната Криви Рог биле погодени од неколку хиперсонични „ками“.
Украина одговори со масовен напад со дрон врз Краснодар и Крим.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала.
– Спречени се обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови врз цели на територијата на Руската Федерација. Војниците кои биле на должност над територијата на Краснодарската област пресретнале 66 украински беспилотни летала, додека уште два биле уништени над полуостровот Крим – се наведува во соопштението.
Цел на беспилотните летала камикази биле рафинериите Славјанск-ЕКО и Илски и фабриката за битумен.
Телеграмскиот канал SHOT наведува дека околу 4 часот одекнале експлозии во предградието Славјанск во Кубан. Снимките покажуваат пожар во еден од капацитетите на рафинеријата, додека официјални лица наведуваат дека складиштето за нафта не е оштетено.
Tonight, Ukrainian forces conducted another successful drone attack on the Russian Slavyansk-na-Kubani refinery in Krasnodar Oblast, with multiple drones hitting the facility.
Seen below, a Ukrainian one-way attack drone slams into the burning Russian refinery. pic.twitter.com/nZDqi2Bi0l
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2024
Жителите известуваат дека звукот на моторите претходно се слушал на небото и дека експлозиите одекнувале речиси 30 минути.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.