Европа
Новата словачка влада положи заклетва под маски
Словачката претседаелка, Зузана Чапутова, ја назначи новата влада од десниот центар на чело со премиерот Игор Матович, откако на изборите во февруари на власт дојдоа партиите кои жестоко се заложија против корупцијата.
Матович и неговиот тим на свеченоста за преземање на должноста пристигнаа со маски поради пандемијата од коронавирусот. Словачка пријави 137 случаи на заразени во текот на месецов, без жртви.
Новата влада ја презема функцијата во време кога централноевропската земја со 5,5 милиони жители се бори со епидемијата на коронавирус што ја затвори Европа, така што коалицијата на Матович во која има четири партии, беше принудени брзо да се договори за составот на новиот кабинет.
Новата влада ќе ја замени владата на партијата од левиот центар, Смер, која со земјата владееше во 12 од последните 14 години.
Популарноста на Смер опадна во 2018 година по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, што предизвика масовни улични протести кои се претворија во движење против високата корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Нови ракетни напади врз Киев: гори главниот град на Украина
Најмалку седум лица се повредени во денешниот руски ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Во нападот беа оштетени бројни згради, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари низ градот, изјави шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.
Украинската воздушна одбрана дејствува поради ракетниот напад врз Киев, објавија претходно локалните власти и воздухопловните сили.
Како што беше објавено, прогласена е воздушна тревога на целата територија на Украина поради ракетната закана, наведува украинската агенција.
Европа
(Видео) „Боинг“ со 170 патници излета од пистата со полна брзина: драма во Норвешка
Патничкиот авион Боинг, кој синоќа полета од Осло кон градот Молде, за малку ќе „слеташе“ во морето откако со полна брзина излета од пистата.
A Norwegian Boeing 737-86N(WL) with registration (LN-NIP) did a Runway excursion by overrunning the runway while landing at Molde, Norway.
All the 171 onboard were evacuated deploying the emergency slides.
Video courtesy: The Global Beacon@globalbeaconn#Airlines #aircraft pic.twitter.com/iMGpKtmOcw
— FL360aero (@fl360aero) December 19, 2024
Во моментот на несреќата во авионот имало повеќе од 170 патници и членови на екипажот, а според првите информации нема повредени лица.
Од утрово трае истрагата за несреќата која за малку ќе беше огронна трагедија.
Компанијата „Норвегиан“ во четвртокот вечерта соопшти дека временските услови биле причината поради која авионот завршил од пистата.
Според нив, меѓу другото имало и налет на ветер, а пистата била лизгава.
„Денеска ќе преземеме различни истражни дејствија што беа во тек по вчерашниот ден. Има различни луѓе кои беа вклучени во инцидентот и кои треба да се истражат“, рече Јирген Молнес, оперативен менаџер во полициската област Мире ог Ромсдал.
Европа
Зеленски: Навистина сакам мир, но како да се заврши војната без преговори со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да одигра улога во завршувањето на војната со Русија.
„Навистина сакам Трамп да ни помогне и да стави крај на оваа војна“, рече Зеленски на конференцијата во Брисел, каде што учествуваше во Советот на ЕУ.
Тој ја истакна клучната важност на американската поддршка во борбата на Украина за мир и независност, истовремено признавајќи ја значајната улога на Вашингтон во обликувањето на исходот од конфликтот.
„Ја чекаме инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп и би сакале да започнеме сериозен план за да го запреме Путин“, додаде тој.
Зеленски, исто така, ја покрена можноста за преговори со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи: „Навистина сакам мир. Но, како да ја завршите војната без преговори со Путин?
„Сметам на фактот дека ќе имаме единство меѓу Соединетите Американски Држави, како што реков, и европските лидери“, посочи тој.
Трамп претходно изјави дека доколку биде реизбран би можел да го прекине конфликтот во рок од 24 часа, но допрва треба да ги елаборира деталите од неговиот план.