Свет
Нова одредба на Путин: На оние кои не прифаќаат руско државјанство им се заканува депортација
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/putin.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одредба со која се олеснува патот до руско државјанство за оние кои живеат во делови на Украина под контрола на Русија. Но, таа одредба значи и дека оние кои не сакаат да го сменат државјанството или не го легализираат својот статус, може да бидат депортирани.
Ројтерс известува дека според одредбата, оние кои живеат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје (четири региони за кои има претензии Русија) можат да започнат со процесот на стекнување руско државјанство или легализација на статусот.
Но, во актот стои и дека оние кои нема да го започнат тој процес до 1 јули 2024 година ќе се сметаат за странски државјани, што значи дека Русија би можела да ги депортира од споменатите окупирани територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Оливер Млакар го прослави својот 89-ти роденден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/t-1.jpg)
Хрватскиот телевизиски водител Оливер Млакар вчера го прослави својот 89 роденден.
Роден е во Птуј во 1935 година. Од 1945 до 1953 година живеел во Осиек, во 1954 година дошол во Загреб, каде студирал француски и италијански јазик. Три години откако се преселил во Загреб, се пријавил на аудиција за најавувачи во Радио Загреб и ја добил работата.
По завршувањето на воениот рок, во 1963 година започнал да работи во Телевизија Загреб, каде две години подоцна станал водител на квизот со Јасмина Никиќ. Тој е најпознат по водењето на Квискотека, најпопуларниот хрватски квиз на сите времиња, од 1984 до 1995 година.
Иако се пензионираше во 2002 година, од 2006 до 2007 година беше водител на камбек сезоната на Квискотека на Нова ТВ. И по пензионирањето, тој беше баран на телевизија и на фестивали.
Регион
Маж загина во автомобил во Атина, моторџија пукал осум пати во него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bvfg.jpg)
Еден човек е убиен утрово во северните предградија на Атина кога бил застрелан додека бил во автомобил од моторџија, соопшти полицијата.
Од полицијата велат дека трагаат по напаѓачот, пренесе Катимерини.
Според првичните податоци, убиецот бил на мотор и дошол до автомобилот БМВ и пукал во жртвата најмалку осум пати пред да успее да побегне.
Регион
Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bb.jpg)
Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.
Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини.
Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.