Свет
Новинарот обвинет за тероризам бара отштета од Турција
Дениз Јуџел, германско-турски државјанин и дописник за германскиот весник „Ди Велт“, кој помина една година во турски затвор под обвинение за поврзаност со тероризам, ја тужи турската влада и бара паричен надомест за деновите поминати во затвор.
Германскиот разгранок на „Новинари без граници“ напиша на „Твитер“ дека Јуџел, кој беше уапсен во Турција во февруари минатата година и ослободен речиси една година подоцна, бара еден милион турски лири (152.000 долари) како надомест за деновите поминати во притвор, а неговиот адвокат Вејсел Ок вели дека бара 2,98 милиони лири (455.000 долари).
„Очекуваме случајот да послужи како пример за другите незаконски притворени новинари“, рече Ок.
Првото рочиште во судската постапка, која се темели на тужбата на Јуџел против владата, ќе биде на 25 септември во Истанбул.
Постапката против Јуџел врз основа на обвинението за терористичка пропаганда и бунт продолжува и во негово отсуство. Следното рочиште е закажано за 20 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

