Европа
Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, а кои укажуваат на можно труење на опозиционерот.
„Инсајдер“ добил пристап до стотици официјални документи поврзани со смртта на Алексеј Навални во поправната колонија „Поларниот волк“.
Врз основа на тие документи порталот наведува дека руските власти намерно ги отстраниле референциите за симптоми што не биле вклучени во официјалната верзија, пренесува „Танјуг“.
Според лекарскиот извештај, овие симптоми недвосмислено укажуваат дека Навални бил отруен, се наведува во текстот на медиумската куќа за истражувачкото новинарство.
Според порталот, меѓу документите се пронајдени две верзии на одлуката со која се одбива да се поведе кривична постапка.
Зборовите дека Навални имал стомачни болки, гадење и грчеви пред смртта исчезнале од втората и последната верзија, а оваа информација ја има и во вториот документ во описот на отстранетите ставки.
Судејќи според текстот на документот, тие се испратени на преглед, иако претходно не се најавуваше ниту самиот преглед ниту фактот дека Навални воопшто имал мачнини.
Документите ги коментира лекарот Олександр Полупан, кој го лекуваше Навални по труењето со новачок во август 2020 година во Омск. Тој изјави дека симптомите укажуваат на труење со органофосфати.
Според „Инсајдер“, овие документи ги потврдуваат зборовите на Јулија Навални, која претходно изјавила дека во последните минути пред смртта Навални навистина се пожалил на остра болка во стомакот.
Навални беше затворен во 2021 година и по многубројни судења беше осуден на повеќе од 20 години затвор.
Почина во затвор во февруари 2024 година. Руската опозиција смета дека станува збор за насилна смрт.
Истражниот комитет на Јамало-Ненецк, автономен округ на Руската Федерација, тврди дека лидерот на руската опозиција починал на медицинскиот оддел по неуспешни мерки за реанимација, па истрагата нема да се води.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост.
На снимката објавена од Ватикан се гледа кардиналот Кевин Џозеф Фарел, камерленгото, како гледа како службеник на Ватикан става црвена лента на вратата од резиденцијата на папата, ја врзува, а потоа става восочен печат на лентата. После тоа, Фарел ја проверува пломбата и се уверува дека вратата е цврсто затворена.
The papal apartments in the Apostolic Palace — unused during Pope Francis’ pontificate — have been officially sealed by Cardinal camerlengo Kevin Farrell following the Pope’s death. This act marks the beginning of the “sede vacante” period, during which the See of Peter remains… pic.twitter.com/p3PcYqN050
— EWTN Vatican (@EWTNVatican) April 21, 2025
Запечатувањето на папската резиденција е традиционален обред што го изведува камерленго, привремениот управител на Ватикан, а историски служел за да се спречи ограбувањето на папските одаи.
Овој чин го симболизира официјалниот крај на понтификатот на папата Франциско и почетокот на периодот на седисвакација – период без папа.
Европа
„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште.
Во тестаментот објавен од Ватикан, Франциско јасно ја изразил својата желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински: Franciscus.
Папата исто така напишал дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од сумата што ја обезбеди добродетелот, кој договорив да биде префрлен во базиликата Света Марија Велика“, стои во тестаментот.
Европа
Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со електрокардиограм“, пишува во изводот на смртта потпишан од директорот на Одделот за здравје и хигиена на Ватикан, професор Андреа Аркангели.
„Потврдувам дека Неговата Светост Франциско (Хорхе Марио Бергољо), роден во Буенос Аирес (Аргентина) на 17 декември 1936 година, жител на Ватикан, државјанин на Ватикан, почина во 7:35 часот на 21 април 2025 година, во неговиот стан во резиденцијата Санта Марта“, напиша тој.
Аркангели наведува дека папата по мозочниот удар прво паднал во кома, а потоа починал. Причините за смртта се „мозочен удар“, „кома“ и „неповратна кардиоциркулаторна инсуфициенција“, се вели во соопштението. Во документот се додаваат и претходните здравствени проблеми на папата, „епизоди на акутна респираторна инсуфициенција со билатерална мултимикробна пневмонија, хипертензија и дијабетес тип II“.
Папата Франциско почина околу 90 минути откако утрово го разбудил будилникот, јавија италијанските медиуми. Тој наводно се разбудил кога алармот му се вклучил во 6 часот, му се слошило во 7 часот наутро, а починал од мозочен удар во 7:35 часот, пишува „Кориере дела Сера“. Лекарите претходно објавија дека тој „починал мирно“.