Свет
Нови обвиненија против Харви Вајнштајн
Во најновата тужба против филмскиот продуцент Харви Вајнштајн се тврди дека тој сексуално нападнал 16-годишна актерка во Њујорк.
Девојката, која е поранешен модел од Полска и чиј идентитет не се открива, во тужбата вели дека во 2002 година таа требалО да се сретне со продуцентот на деловен ручек, но тој ја однел во својот апартман, каде што од неа барал да има секс со него.
Во тужбата поднесена во средата се наведува и декавели Вајнштајн ѝ се заканувал на девојката велејќи ѝ дека ако сака да стане актерка, мора да има секс со него и дека тој е заслужен за кариерите на светски познатите актерки ПенелопЕ Круз и Гвинет Палтроу.
Кога таа повеќепати го одбила, тој се погрижил таа никогаш да не добие работа, тврди девојката, која е 10-та жртва што ги тужи Вајнштајн и неговата продукциска куќа „Мирамакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.