Свет
Нови пукотници пријавени по утринскиот напад, заканата од тероризам во Утрехт на највисоко ниво
Нови пукотници се пријавени на неколку други локации во Утрехт по утринскиот напад во трамвај, информира шефот на холандкста антитерористичка агенција неколку часа по првичниот напад, пренесува РТ.
Питер-Јаап Алберсберг предупреди на Твитер дека напаѓачот од трамвајот е сè уште во бегство.
Претходно денес Холандија го крена алармот за закана од тероризам во провинцијата Утрехт на највисоко ниво по утринскиот напад во трамвај во кој загина едно лице, а повредени се неколку други. Холандската агенција за борба против тероризмот соопшти дека сочигледно станува збор за терористички напад.
Националниот координатор за борба против тероризмот (НАТЦ) соопшти дека го кренал нивото на закана од тероризам на 5 во целата област на Утрехт, што е највисоко ниво за итни случаи од ваков вид. Алармот ќе остане на тоа ниво најмалку до 18 часот.
Од агенцијата велат дека одлуката е донесена по пукањето на трамвај во Утрехт,а инцидентот, според НАТЦ, во моментов ги има сите карактеристики на терористички напад.
Претходно во март, агенцијата предупреди дека заканата од тероризам останува висока на територијата на целата земја.
„Во текот на изминатата година состојбата со заканата во Холандија беше неизвесна”, предупреди тој, велејќи дека ризикот од напад во Холандија е сé уште реален.
Воената полиција, исто така, ја зголеми безбедноста на аеродромите и пред клучните институции.
Холандскиот премиер, Марк Руте, ја нарече ситуацијата многу загрижувачка, а координаторот за контратероризам во земјата изјави во твит дека кризниот тим се состанал за да одговори на ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пресретната подморница што превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин, пловела кон Европа
Четири лица се уапсени откако португалските власти пресретнаа подморница за дрога што превезувала повеќе од 1,7 тони кокаин во средниот Атлантик. Полуподморницата се движела кон Пиринејскиот полуостров и била запленета во последните денови, потврдија официјални лица.
Објавени се и снимки на кои се гледа како полицијата и морнарицата го опкружуваат бродот пред да се качат на него, да ја запленат дрогата и да го апсат четиричлениот екипаж, за кои се вели дека се од Јужна Америка.
🚨Tal como lo advertí
🇻🇪Ahora el cartel de los soles dirige toda su carga hacia europa
🇵🇹Portugal intercepta narcosubmarino con 1,7 toneladas de cocaína y detiene a cuatro tipulantes venezolanos
— YO SOY 🇻🇪🇺🇸✈️ (@ElGanadorHenry) November 4, 2025
Центарот за поморска анализа и операции со седиште во Лисабон добил информации дека криминална организација се подготвува да испрати подморница натоварена со кокаин во Европа.
Неколку дена подоцна, португалски брод успешно ја лоцираше подморницата на приближно 1.000 наутички милји (1852 км) од брегот на Лисабон, во операција поддржана од Националната агенција за криминал на Велика Британија и Администрацијата за борба против дрога на САД.

Осомничените – двајца Еквадорци, еден Венецуелец и еден Колумбиец – беа притворени откако беа изведени пред суд. Витор Ананијас, шеф на португалската полициска единица за борба против дрога, рече дека нивните различни националности покажуваат дека организацијата што стои зад нив не е со седиште само во една земја.
Регион
Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5-ти кат сме, се тресевме околу 10 секунди“
Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8:16 часот наутро, а беше почувствуван и во Бугарија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 12 километри западно од Ксанти во Грција.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.
Земјотресот беше добро почувствуван во Кавала, а граѓаните на Пловдив и другите бугарски градови исто така велат дека го почувствувале потресот.
„На 5-ти кат сме, добро се тресевме околу 10 секунди“, „Навистина се почувствува кај нас“, „Во Софија сме, почувствувавме мало тресење на земјата“, сведочеа жителите на бројни градови во Бугарија.
Грците велат дека го почувствувале земјотресот и на островот Тасос.
„Се тресеше во Лименарија“, „Кавала, се тресеше добро“, сведочат луѓе.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Европа
Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагираше Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна.
„Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ.
„Разбираме дека врз Србија се врши невиден притисок. Затоа ситуацијата таму не е лесна. Ги разбираме проблемите со кои се соочуваат Србите“, додаде тој.
Во интервју за германското списание „Цицеро“, Вучиќ рече дека на Европа ѝ е потребна муниција и потврди дека им понудил на своите пријатели во Европа договор да купат сè што има Србија, што го опиша како феноменален придонес кон европската безбедност.
Вучиќ истакна дека српските складишта за муниција се полни, со особено голема залиха од минофрлачки гранати. На прашањето за можноста муницијата купена од Србија подоцна да биде предадена на Украина, Вучиќ рече дека купувачите ќе можат да прават што сакаат со неа.
фото: принтскрин

