Контакт

Европа

Нови силни експлозии во Киев

Објавено пред

Неколку силни експлозии oдекнале во главниот град на Украина, додека Киев е под 35-часовен полициски час.

dobivaj vesti na viber

Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, сведочи тимот на Си-ен-ен.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, изјави дека украинската воздушна одбрана се активирала и уништила руска ракета, односно дека остатоците од проектилот паднале во реката Днепар.

Киев во моментот е под полициски час што во понеделникот го објави градоначалникот, Виталиј Кличко. Во изјава на „Телеграм“, Кличко рече дека полицискиот час ќе почне во понеделник во 20 часот и ќе трае до 7 часот наутро в среда.

„Утре нема да работат дуќани, аптеки, бензински пумпи, институции“, изјави вчера тој.

„Затоа, ги молам сите да останат дома или во засолништа. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, додаде Кличко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Фаворитот за следен канцелар, Мерц гласаше во Арнсберг

Објавено пред

Најверојатниот кандидат за канцелар, Фридрих Мерц од Христијанско-демократската партија (ЦДУ) гласаше во Арнсберг. Овој град со средна големина во покраината Северна Рајна-Вестфалија е негова изборна единица.

dobivaj vesti na viber

Областа околу тој град е позната како демохристијанско упориште. На последните избори во 2021 година, луѓето овде директно го избраа Мерц за претставник во Бундестагот со поддршка од повеќе од 40 проценти.

Ова беше и враќање на Мерц во Бундестагот по долго отсуство од сојузната парламентарна сцена, пишува Дојче веле.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц со трчање го започна изборниот ден во Германија

Објавено пред

Актуелниот канцелар Олаф Шолц утрово трчајки, придружуван од чувари, го започна изборниот ден во Потсдам.

dobivaj vesti na viber

Во тој град, покрај Берлин, се наоѓа неговата изборна единица. На последните избори Шолц постигна јасен резултат. Но, сега работите би можеле да станат тесни за него и неговата Социјалдемократска партија.

Анкетите спроведени пред изборите покажаа значителен пад на поддршката од гласачите.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин вети помодерно оружје за руските војници

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека ќе им обезбеди на руските сили помодерно оружје и технологија, еден ден пред третата годишнина од инвазијата на Москва на Украина.

dobivaj vesti na viber

„Им благодарам на сите учесници во специјалната воена операција за нивната борбеност и одлучноста за победа“, рече Путин во видео пораката по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, еден од најважните национални празници во Русија.

Кремљ официјално ја нарекува руската инвазија на Украина „специјална воена операција“.

„Денес, среде брзите промени во светот, нашиот стратешки пат кон зајакнување и развој на вооружените сили останува непроменет“, рече Путин.

„Врз основа на искуството и барањата на бојното поле, опремувањето на војниците со ново оружје е приоритет“, додаде тој.

Путин ја даде оваа изјава пред големата прес-конференција што украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да ја одржи денеска. Се очекува Зеленски да зборува за ситуацијата на првите борбени линии.

Конференцијата на украинскиот лидер доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп, во пресврт на американската политика, остро го критикуваше, нарекувајќи го „диктатор“ поради одложувањето на изборите поради војната што Путин ја започна на 24 февруари 2022 година.

САД беа најважниот сојузник на Украина и снабдувач со оружје кога претходникот на Трамп, Џо Бајден, беше на функција, но неодамнешните коментари на Трамп сугерираат дека САД можеби нема да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Додека руската војска продолжува да напредува во источна Украина, независни експерти проценуваат дека се убиени најмалку 95.000 руски војници, но овие бројки не можат да се потврдат. Од почетокот на војната, Путин ја трансформираше земјата во воена економија, а одбранбената индустрија работи со полна пареа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) „Скандалозната најава од Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење веќе подготвени списоци со имиња на ‘подобните’ партиски кадри“, вели Кузеска

„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација. Скандалозната најава...

Свет2 часа

Израел: Нема да ги ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

Израел денеска објави дека го одложува ослободувањето на стотици палестински затвореници додека милитантната група Хамас не ги исполни своите услови....

Свет3 часа

(Видео) Мелони: Европа е далеку од изгубена

Италијанската премиерка Џорџа Мелони повика денеска на единство на Западот, силно американско-европско партнерство и континуирана поддршка за Украина против руската...

Македонија3 часа

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање...

Економија3 часа

„Завршува ерата на неточни броила“: Министерството за енергетика бара опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните...

Македонија4 часа

„Пратениците да го поддржат предлог – законот за укинување на двојазичните декларации“, бара Левица

„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со...

Свет4 часа

(Видео) Трамп зборуваше за Украина, „глупавиот“ Бајден, „патриотот“ Маск, царините…

Доналд Трамп одржа говор на Конференцијата за политичко дејствување (CPAC). Тој често ја користи оваа конференција за да постави политички...

Македонија5 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Крушево, -3...

Свет6 часа

Полскиот претседател и Трамп се сретнаа, Белата куќа: Трамп ја пофали Варшава

Присуството на САД во Полска и Централна Европа треба да се зајакне, му порача полскиот претседател Анджеј Дуда на американскиот...

Свет16 часа

Објавени сведоштвата на израелските заложници: „Изгубив 30 килограми“

Четворицата заложници, Тал Шохам, Омер Шем Тов, Омар Венкерт и Ели-Хе Коен, кои денеска се вратија во Израел, биле подложени...

Европа16 часа

Полска ја демантира веста за одземањето на „Старлинк“ од Украина: „Ние им го купивме“

Полска ќе продолжи да плаќа за „Старлинк“ за Украинците, изјави министерот за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски по извештаите во медиумите...

Европа17 часа

Зеленски: На светот му треба гаранција дека Русија повеќе не може никому да донесе смрт

На светот му е потребна гаранција дека Русија повеќе нема да може да им носи уништување на другите народи, изјави...

Свет20 часа

„Њујорк тајмс“: Новиот предлог на Трамп за минералите е речиси ист како и одбиениот, дури е уште построг

Украина денес сериозно го разгледува ревидираниот предлог на САД за нејзините богати природни ресурси, кој ги содржи речиси истите услови...

Регион20 часа

(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и...

Топ21 час

Нападната и силувана девојка од Скопје, уапсен 37-годишник

Денеска во 01.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Б. од Скопје, постапувајќи...

Топ21 час

Додека управувал возило му се слошило и починал: автомобилот излетал од патот во Радовиш, удрил во столб па во паркиран „форд“

Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко...

Топ1 ден

(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсен дилер

Вчера во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот М.М. од Тетово. При...

Македонија1 ден

(Видео) „Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем“, вели Цветаноски

„Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри. Со последната скандалозна...

Свет1 ден

Хамас го предаде телото на Шири Бибас, пред два дена предале погрешно тело

Од кибуцот Нир Оз денеска беше потврдено дека телото на жената предадено од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа...

Свет1 ден

„Њујорк Пост“ до Трамп: Ова е диктатор

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „ОВА...