Свет
Нови случаи на корнавирус во Кина
Кинeските здравствени власти јавија за 22 нови случаја на коронавирус во земјата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Ова е зголемување на бројот на нови инфекции во однос на претходниот ден кога беа пријавени 16 случаи на вирусот.
Од 22 нови случаја, 17 биле пријавени во провинцијата Синданг, а пет случаи биле увезени од странство.
Пријавени се и тринаесет асимптоматски случаи.
Од почетокот на епидемијата на Ковид-19, која почна од Кина, во земјата се регистрирани 83.682 случаја, а како резултат на инфекцијата починале 4.634 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Најмалку 15 загинати во стампедо на аџилак во Индија
Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуски аџилак, во Прајаграџ, северна Индија, во неделата вечерта, објави АФП.
Многу аџии се повредени во несреќата, некои тешко, и се хоспитализирани, изјави за АФП еден од лекарите во болницата Свароп Рани Нехру во Прајаграџ, каде што жртвите се евакуирани.
Локалните власти и безбедносните сили се уште не објавија извештај за стампедото.
VIP movement is a curse for an event like Maha Kumbh!
To accommodate VIPs, the police impose restrictions on the movement of common devotees, leading to an uncontrollable surge in crowd pressure.
A viral video from Kumbh Mela shows frustrated people stuck in a traffic jam… pic.twitter.com/qXgQarvAg6
— Mahua Moitra Fans (@MahuaMoitraFans) January 29, 2025
На местото на настанот, репортерот на АФП видел бројни жртви како се евакуирани од спасувачите и верниците во ќебиња.
Кумб Мела се смета за најголем религиозен собир во светот, на кој присуствуваат милиони хинду верници од цела Индија за да се капат на сливот на светите реки Ганг и Јамуна.
20 feared dead in Maha Kumbh stampede, several injured
Deadly stampede broke out at Triveni Sangam in Prayagraj during the Maha Kumbh Mela as massive crowds gathered for the Mauni Amavasya holy dip. Reports claim that crowd control barriers collapsed, triggering… pic.twitter.com/Tvxt1PdbKe
— Nabila Jamal (@nabilajamal_) January 29, 2025
Оваа година, масовниот фестивал се одржува од 13 јануари до 26 февруари, а властите најавија повеќе од 400 милиони учесници, што го прави најголемиот собир до сега.
Свет
(Видео) Снимено уривањето на моќниот американски авион Ф-35 на Алјаска
Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира и е безбеден, потврдија официјални лица.
Авионот доживеал „неисправност при летот“ и пилотот можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило, според извештајот на Асошиејтед прес. Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.
🚨#BREAKING: Watch as a F-35 fighter jet crashes at Eielson Air Force Base
⁰📌#Fairbanks | #AlaskaWatch as Military emergency crews quickly responded after an F-35 fighter jet crashed on the flightline at Eielson Air Force Base in Fairbanks, Alaska, as reported by a military… pic.twitter.com/v894H7YWDc
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) January 29, 2025
Драматичната снимка од несреќата брзо се прошири низ интернет. На снимката се гледа како авионот вртоглаво паѓа кон земјата пред да експлодира при удар. Во позадина може да се види продолжен падобран кој полека лебди кон земјата. Портпаролот на воздухопловните сили подоцна ја потврди автентичноста на снимката за Си-би-ес Њуз.
Свет
Израелски војници во Газа убија Израелец: „По грешка бил идентификуван како закана“
Возач на булдожер кој работел за израелското Министерство за одбрана е убиен вчера во централниот дел на Појасот Газа, соопшти израелската војска (ИДФ).
Убиен е Џејкоб (Коби) Авитан (39) од Еилат. Тој бил ангажиран да користи багер за да ги урива зградите лоцирани во коридорот низ кој израелската армија ја подели Газа на два дела.
Израелското Министерство за одбрана регрутираше бројни цивили со градежно искуство за задачи за уривање во Газа во екот на војната, со цел да ги ослободи единиците на ИДФ.
ИДФ објави дека, според првите резултати од прелиминарната истрага, изведувачот пристигнал во цивилна облека на воена станица во Газа, во област каде што сè уште се распоредени израелски војници. Потоа, според ИДФ, тој по грешка бил идентификуван како закана.
Војник кој го чувал влезот на воената станица го застрелал и го убил Авитан.
Воената полиција на ИДФ започна истрага.