Свет
Нови тензии меѓу Париз и Москва
Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за неговата загриженост поради проширувањето на врските на африканските земји со Русија се навредливи. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по состанокот на Советот на министри на Шангајската организација за соработка (ШСО).
„Во однос на претседателот Макрон и неговите изјави, навистина, генерално, се очекуваа повеќе етички изјави од Французите. Затоа што тој рече, ако добро се сеќавам, нешто вакво: дека е загрижен за воената и дипломатската активност на Русија во Африка и дека таа не е ни соработка, туку поддршка за апсолутно пропаднати, нелегитимни режими и хунти“, рече Лавров, пренесе ТAСС.
Според него, доста е навредливо за африканските држави кои продолжуваат, и покрај сè, доследно да ги развиваат односите со Руската Федерација.
Макрон претходно изрази загриженост поради зголемените дипломатски и воени контакти меѓу Русија и Африка и беше навреден од ширењето наводни лажни информации и руски наративи во Африка од луѓе што одбил да ги нарече новинари, наведувајќи го отворањето нови бироа за руската новинска агенција Спутник и RT телевизија во Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.