Свет
Новоизбраниот претседател на Бразил најави преселување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим
Новоизбраниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, за еден израелски весник изјавил дека има намера да ја пресели амбасадата на неговата земја од Тел Авив во Ерусалим.
Бразил на тој начин ќе стане втора голема земја по САД што ќе го стори тоа.
Одговарајќи на прашањето во интервју за денешното издание на списанието „Израел нaјом“ дали тој ќе ја пресели Амбасадата на Бразил како што најави за време на својата кампања, Болсонаро изјави дека Израел треба да се одлучи каде му се наоѓа главниот град.
„Кога ме прашаа за време на кампањата кога ќе станам претседател дали би го направил тоа, реков да, оној што одлучува за главен град на Израел си ти, а не друга земја“, изјави бразилскиот претседател кој го поддржува премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Израел го освои источен Ерусалим во шестдневната војна во 1967 година, а подоцна го анектира, што меѓународната заедница никогаш не го призна.
Палестинците планираат во тој дел од Ерусалим да биде главниот град на нивната земја. Меѓутоа, израелските водачи сметаат дека Ерусалим е нивниот главен град.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во декември отстапи од децениската политика на неговата земја и го призна Ерусалим како главен град на Израел поради тоа палестинскиот претседател, Махмуд Абас, сега ја блокира владата на Трамп.
По победата на Болсонаро, официјален претставник во владата на Нетанјаху за АФП изјави дека израелскиот премиер, најверојатно, ќе присуствува на инаугурацијата на новиот бразилски претседател, која ќе биде во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

