Контакт

Свет

Нов Зеланд нема веќе заболени, укинува поголем дел од мерките

Објавено пред

На Нов Зеланд веќе нема заболени од коронавирус и земјата ги укинува сите мерки, освен ограничувањето на границите, рекла премиерката Џакинда Ардерн. Со ова Нов Зеланд стана една од првите во светот што го направиле тоа.

dobivaj vesti na viber

Владата ќе ги укине мерките за физичка дистанца денеска на полноќ, додала Ардерн.

Јавните и приватните настани ќе може повторно да се одржуваат, а продавниците, угостителството и целиот јавен превоз ќе може да работат без мерки за физичко дистанцирање, кои сè уште се во сила во поголем дел од земјата.

„И покрај тоа што ситуацијата е побезбедна и подобра, сè уште го нема животот пред Ковид-19, но одлучноста и фокусот на здравствениот одговор сега ќе се насочи во економска обнова“, рекла Ардерн.

„Иако сè уште не сме ја завршиле работата, не го оспоруваме тоа дека ова е пресвртница. Затоа, да завршам поедноставно: Благодарам, Нов Зеланде“, порачала премиерката.

Оваа тихоокеанска земја, со речиси 5 милиони жители, ја надвладеа пандемијата, додека големите економии, како Бразил, Велика Британија, Индија и САД, сè уште се борат против вирусот.

Свет

Беспилотно летало соборено над зградата на полската влада во Варшава

Објавено пред

Безбедносните служби неутрализираа беспилотно летало што леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца белоруски државјани се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.

dobivaj vesti na viber

„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, објави Туск на Икс. „Белведер“ е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.

„Двајца белоруски државјани се уапсени“, додаде Туск. „Полицијата истражува“.

Инцидентот се случи во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако група руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на земјата минатата недела, анализираат медиумите во регионот.

Туск предупреди тогаш дека тоа е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Популарноста на Макрон на најниско ниво досега, според последните анкети

Објавено пред

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна најниско ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.

dobivaj vesti na viber

Популарноста на Макрон нагло опаѓа за 7 процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што претставува најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д Диманш“.

Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и дека е непозната политичка фигура за многу испитаници, објавува Танјуг.

Анкета на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти, пренесуваат медиумите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху: Не ја исклучувам можноста за нови напади врз раководството на Хамас, каде и да се

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека не ги исклучува понатамошните напади врз лидерите на Хамас „каде и да се“, додека арапските и исламските шефови на држави одржуваат самит за да покажат поддршка за Катар по нападот од минатата недела врз земјата од Персискиот Залив.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи се на самитот, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани рече дека израелскиот напад бил „кукавички и предавнички“, тврдејќи дека во времето на нападот, лидерите на Хамас го проучувале предлогот за прекин на огнот на САД што им го презентирале Катар и Египет.

Хамас објави дека петмина негови членови се убиени во израелскиот напад, но не и раководството. Еден член на катарските безбедносни сили, исто така, бил убиен.

Зборувајќи заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио во Ерусалим, Нетанјаху рече дека Израел сè уште не добил конечен извештај за резултатите од нападот.

Рубио ќе отпатува во Катар по неговата посета на Израел, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент, пренесуваат светските медиуми.

Рубио го повика Катар да продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на конфликтот во Газа, велејќи дека тоа би можело да помогне во постигнувањето на целта за ослободување на сите 48 заложници што сè уште се држат во Газа, разоружување на Хамас и градење подобра иднина за жителите на Газа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека не е задоволен од нападот и вчера изјави дека Израел треба да биде внимателен.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија2 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ2 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија3 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија4 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија6 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ7 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија8 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија9 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија9 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија9 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија10 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија10 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија11 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија11 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија13 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ15 часа

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија1 ден

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија1 ден

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија1 ден

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...