Европа
Нов напад со дронови врз Москва

Руската противвоздушна одбрана уништи три беспилотни летала, кои рано утринава се обидоа да ја нападнат Москва, а нема повредени, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.
Тој рече дека силите за противвоздушна одбрана го уништиле дронот во областа Твер во Завидово, кој летал во правец на Москва, а нема жртви или материјална штета.
Собјанин на „Телеграм“ напиша дека службите за итни случаи дошле на местото на настанот.
Градоначалникот претходно изјави дека во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана уништиле беспилотни летала во регионот Калуга и во Истарскиот округ на Московската област, кои се обидувале да ја нападнат Москва, и дека никој не е повреден, а во Истарската област е оштетен сервисен објект, објави „РИА новости“.
Собјанин изјави дека остатоци од дрон паднале врз селото Завидово во областа Твер.
Според агенцијата „РИА новости“, официјалната резиденција на палатата на рускиот претседател Владимир Путин, „Рус“, се наоѓа во Завидово.
Руските новински агенции јавија дека речиси 50 лета биле откажани или одложени рано утринава од четири големи аеродроми во близина на Москва.
Украинската армија секојдневно ги напаѓа руските региони со беспилотни летала, главно пограничните области, регионите Курск, Брјанск и Белгород, како и Крим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија подготвува нова офанзива во Суми и во Харков оваа пролет, сега купува време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за „Фигаро“ дека Русија планира две нови големи офанзиви во северна Украина, особено во регионите Суми и Харков, веќе оваа пролет.
Тој предупреди дека додека Москва сѐ повеќе зборува за прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време за да подготви нов напад.
Европа
Стармер и шефот на НАТО: Америка има клучна улога во постигнувањето на примирјето

Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните.
Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата истакнаа дека Соединетите Американски Држави играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.
Стармер ја повтори својата непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста.
Европа
(Видео) Објавена снимка од извлекувањето човек од урнатините во Харков по масовниот руски напад

Украинските градови Харков и Днипро синоќа беа цел на голем напад со руски дронови.
Најмалку 12 лица се повредени во Харков, меѓу кои и едно 14-годишно девојче. Тешки удари претрпе и Днипро – повредени се три лица, а оштетени се повеќе од десет станбени згради и една образовна институција.
Денеска беше објавена и снимка од извлекување маж од урнатините во Харков.
Last night, Ukrainian cities, including Kharkiv & Dnipro, came under a massive drone attack. In Kharkiv, at least 12 people were injured, including a 14-year-old girl. Dnipro also suffered heavy strikes, leaving 3 people wounded and causing damage to more than a dozen apartment… pic.twitter.com/71Pcr0quHd
— Гюндуз Мамедов/Gyunduz Mamedov (@MamedovGyunduz) March 27, 2025
Во изминатите 24 часа уште осум лица се повредени во напади на области на регионите Донецк и Херсон.