Свет
Нов пресврт во случајот Навални: близок соработник тврди дека имало договор за размена на политичари
Тимот на Алексеј Навални објави дека рускиот опозициски политичар е намерно убиен по наредба на претседателот Владимир Путин пред размената на затвореници, во која требаше да биде ослободен во замена за убиецот на Федералната служба за безбедност на Русија затворен во Германија.
Во видео објавено во понеделникот, со наслов „Зошто Путин го уби Навални сега?“, Марија Певчих, близок соработник на опозицискиот политичар, вели: „Навални требаше да биде ослободен во следните неколку дена бидејќи донесовме одлука за неговата размена“ и додаде дека рускиот милијардер и олигарх Роман Абрамович дејствувал како врска меѓу западните претставници и Путин во посредувањето во договорот.
„Политико“, кој ја објави приказната, не ги потврди тврдењата на Певчих.
Певчих понатаму изјави дека договорот го вклучувал Вадим Красиков, агент на ФСБ затворен во Германија, за убиство на поранешен чеченски командант во 2019 година и двајца американски државјани.
Таа додаде дека доцна на 15 февруари добила потврда оти таква замена ќе има, но верува дека Путин тогаш се предомислил.
„Бидејќи во принцип се подготвени да го разменат Красиков, тогаш треба само да се ослободам од преговарачкиот адут, Навални“, рече Певчих претпоставувајќи го начинот на размислување на Путин. „Тогаш треба да понудам некој друг кога ќе дојде време“.
„Тоа е апсолутно нелогично, ирационално, тоа е однесување на луд мафијаш. Но, факт е дека Путин полуде од омраза кон Навални“, рече таа.
Кремљ веднаш не ги коментира наводите на тимот на Навални.
Двајца западни претставници признаа дека разговорите за размена на затвореници се во тек, но негираа дека имало каква било официјална понуда.
На 16 февруари, еден ден откако Певчих тврди дека добила потврда оти договорот е во завршна фаза, се појави веста дека Навални се онесвестил и починал по прошетката во затворскта колонија.
Певчих не ги наведе имињата на двајцата американски државјани, но рече дека доколку некогаш постоел таков договор, веројатно би биле вклучени американскиот новинар Еван Гершкович и Пол Вилан, кои и двајцата беа затворени во Русија под обвинение за шпионажа.
Во интервју со американскиот десничар Такер Карлсон претходно овој месец, Путин рече дека не исклучува договор за ослободување на новинарот на „Волстрит џурнал“, Гершкович, „ако нашите партнери преземат реципрочни чекори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

