Свет
Нов рекорд – во Италија за 24 часа починале 368 луѓе од коронавирус

Италија за 24 часа забележа 368 смртни случаи што е рекорден број на починати од коронавирус од појавата на епидемијата во земјата.
Исто така, заклучно со вчерашниот ден, се евидентирани 3.590 нови случаи.
Во Италија во моментот се заразени вкупно 20.603 лица. Вкупниот број на заразени, вклучувајќи и закрепнети и починати е 27.747. Вкупниот број на починати е 1.809 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Москва го слави Денот на победата, бројни светски лидери пристигнаа кај Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи говор на „најголемата досега“ воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Русија го слави Денот на победата повеќе од три години по почетокот на инвазијата на Украина, која ја напаѓа секојдневно и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине војната. Путин нареди тридневен прекин на огнот во Украина поради настанот. Но нападите продолжуваат.
Поканите за прослава на Денот на победата во Москва ги прифатиле лидерите на околу 20 земји, вклучувајќи го и кинескиот претседател Кси Џинпинг, според Кремљ. Москва не ја исклучи можноста севернокорејските војници кои ѝ помогнаа на руската армија да ги протера украинските сили од Курската област да учествуваат на парадата за прв пат.
Европската унија ги предупреди своите лидери да не одат во Москва за настанот, но словачкиот премиер Роберт Фицо одлучи да оди.
Свет
Зеленски: На светот му треба Америка сега, исто како што му требаше пред 80 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предизвика САД да обезбедат поголема помош за постигнување прекин на огнот. На социјалната мрежа „Икс“ објави дека неговата земја е веднаш подготвена за целосен прекин на огнот.
Тој го нарекува „30 дена молк“, но нагласува дека прекинот на огнот мора да биде реален. Да нема напади со проектили или беспилотни летала.
Тој додава дека Русите мора да одговорат соодветно и да ја докажат својата подготвеност да ја прекинат војната.
„Триесет дена кои би можеле да станат почеток на години на мир. Прекинот на огнот, траен и сигурен, ќе биде вистински показател за напредокот кон мирот. Америка може да помогне во тоа. На светот му треба Америка сега, исто како што му требаше пред осумдесет години“, напиша тој.
Свет
Силен ветер урна сцена на концерт во Мексико, седум повредени

Сцена на концерт на отворено во Мексико Сити се урна во четврток попладне по локално време, при што беа повредени седум лица, соопштија локалните власти.
Градските власти соопштија дека инцидентот се случил кога силните ветрови урнале метална конструкција што била дел од сцената.
Итните служби им пружиле медицинска помош на повредените на местото на настанот, а две лица се однесени во болница на понатамошно лекување, се вели во соопштението.
Сцената беше поставена за музички настан по повод Денот на мајките.