Свет
Норвешка уапси имам бегалец осуден за тероризам во Италија
Муслимански свештеник роден во Ирак бил ставен во притвор во Норвешка четири недели по осудата на 12 години затвор во Италија поради терористички прекршоци, пренесува норвешката телевизија НРК.
Окружниот суд во Осло во средата соопшти дека постои ризик Мула Крекар да побегне, а НРК објави дека набргу се очекува барање за екстрадиција од Италија.
Крекар, кој претходно одби да отпатува за Италија стравувајќи од екстрадиција во Ирак, беше прогласен за виновен во судот во Болцано за обид за соборување на курдската влада во северен Ирак и создавање исламски калифат.
„Немам врски со тероризмот. Ова е политички монтиран случај“, рече Крекар по пристигнувањето во судот во Норвешка нарекувајќи го италијанскиот случај лажен.
Норвешкиот премиер Ерна Солберг во средата изјави дека Крекар бил уапсен за да може да биде испратен надвор од земјата.
„Италијанските власти побараа апсење на Крекар со намера да биде екстрадиран во Италија“, рече Солберг.
Во 2015 година европските власти уапсија 15 ирачки Курди вклучени во мрежата „Равти Шакс“, чиј наводен лидер е Крекар, за обвиненија поврзани со тероризам. Италијанските обвинители велат дека мрежата регрутирала странски терористички борци за Ирак и Сирија и обезбедувала логистичка и финансиска поддршка.
Бегалец од ирачки Курдистан, кој во 1991 година дошол во Норвешка, 63-годишниот Мула Крекар, кој е роден како Најм ал Дин Фарах Ахмад, има неколку обвиненија во Норвешка, вклучително и за закана кон премиерот Солберг. Тој исто така го пофалил екстремистичкиот напад во 2015 година на францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“.
Крекар ја основал сега неактивната група бунтовници Ансар ал-ислам, составена од сунитски Курди, која имала цел да воспостави исламски калифат во ирачки Курдистан. Групата, наводно, се споила со Исламската држава во 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels
Свет
Американците предупредија: Наскоро може да се случи голем напад врз Украина
Американската амбасада во Киев предупреди на можноста од значаен воздушен напад врз Украина во наредните денови, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во предупредувањето што денеска го објави Американската амбасада во Киев се наведува дека заканата се однесува на целата територија на Украина, односно на сите окрузи во земјата. Според соопштението, американските власти добиле информации за можен силен воздушен удар што би можел да се случи во кој било момент во текот на следните неколку дена.
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) January 8, 2026
Американската амбасада повторно ги повика своите државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на прогласување воздушна тревога. Вакви предупредувања Вашингтон редовно објавува во моменти на зголемени безбедносни ризици, особено кога постојат разузнавачки податоци за можни напади од руската војска.
Предупредувањето доаѓа во период кога Украина со недели е изложена на интензивни ракетни и напади со дронови врз енергетската инфраструктура и градовите низ земјата, додека властите во Киев предупредуваат дека Русија би можела да продолжи со бранови масовни удари.

