Контакт

Свет

Норвешкиот министер за правда поднесе оставка по обвинувањето дека неговата партнерка му го запалила возилото

Објавено пред

Норвешкиот министер за правда, Тор Микел Вара, поднесе оставка по обвинувањето дека неговата партнерка му го запалила автомобилот, како и обвинувања за други незаконски активности.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Министерот Вара на прес-конференција рече: „Има некој на кој сум му попотребен отколку на владата… а тоа е моето семејство“.

Норвешката безбедносна агенција соопшти дека партнерката на министерот, Лаила Бертхеусен, е приведена поради истрага за осум недозволени дела насочени против министерот Вар од декември минатата година па досега. Агенцијата наведува дека станува збор за палење автомобил, праќање анонимни заканувачки пораки до него, поставување контејнери со отпад пред вратата на неговата куќа, како и пишување графити на неговиот дом.

Таа ги негира сите обвинувања. Вара минатата година стана дел од норвешката влада. Тој најави дека неговата оставка стапува во сила денеска.

Свет

(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Објавено пред

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград и Воронеж.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 64 беспилотни летала над регионот Волгоград и соседната област Воронеж , додека останатите биле насочени кон пограничните региони.

Рускиот претседател пред два дена рече дека неговата земја е „за“ прекин на огнот, но наведе „важни прашања што треба да се решат“, откако САД и Украина подготвија 30-дневен план за прекин на огнот за време на неодамнешните разговори во Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе...

Свет

(Фото+видео) Куба во мрак: милиони граѓани повторно останаа без струја

Објавено пред

Националната електрична мрежа на Куба денеска откажа, соопшти тамошното Министерство за енергетика, предизвикувајќи широки прекини на електричната енергија во главниот град Хавана и низ островот.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Претставници на Министерството за енергетика соопштија дека електричната трафостаница во Хавана откажала, при што голем дел од западна Куба, вклучувајќи го и главниот град, останаа без струја.

Светлата беа изгаснати долж целиот брег на Хавана, изјави сведок за Ројтерс, а само неколку туристички хотели работат на генератори на гориво.

Објавите на социјалните мрежи покажуваат дека голем дел од земјата, дом на десет милиони луѓе, останаа во мрак.

Колапсот на мрежата уследи по серијата големи прекини на електрична енергија кон крајот на минатата година, што го фрли застарениот систем за производство на електрична енергија на Куба во целосен хаос поради недостиг на гориво, природни катастрофи и економска криза, додава Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

Протестот во Белград сепак ќе биде пред Собранието

Објавено пред

Студентите во блокада одлучија денешниот протест сепак да се одржи пред Собранието, но бина ќе биде поставена и кај Славија.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада претходно најавија дека локацијата на протестот се менува и дека ќе се премести од пред зградата на Народното собрание на плоштадот Славија.

„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.

Објавата на Инстаграм набрзо беше избришана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија52 минути

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...

Македонија3 часа

(Фото) Андоновски и Јорданов го означија почетокот со работа на новиот Центар за услуги во Штип

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот...

Македонија3 часа

(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на...

Свет4 часа

(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград...

Регион7 часа

(Фото+видео) Пречекани студентите кои пешачеа до Белград, денеска ќе се одржи голем протест – објавена е мапа на движење

Денеска во Белград се одржува голем студентски протест под слоганот „15 за 15“, а собирот е закажан да започне во...

Македонија7 часа

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен,...

Македонија21 час

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ23 часа

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија23 часа

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија1 ден

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија1 ден

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет1 ден

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија1 ден

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа1 ден

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија1 ден

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...

Македонија1 ден

ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел...