Свет
Обама ја критикуваше еколошката политика на Трамп
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го критикуваше ставот на актуелниот претседател на САД за заштита на животната средина наведувајќи дека на светот му треба политичка и социјална посветеност за постигнување одржливост.
„За жал, имаме американска администрација која на разни начини се занимава со овие проблеми“, рекол Обама на собир во Осло.
Обама не го споменал неговиот наследник, но рекол дека се плаши оти во САД растат протекционизмот и авторитаризмот откако тој ја напуштил канцеларијата.
Истакнал дека светот треба повеќе да се фокусира на заштита на животната средина, поголема различност во работењето и да го поддржи користењето технологија во решавање на глобалните проблеми.
„Како најголем проблем што го гледам на глобално ниво во овој момент е прашањето за оддржливост на животната средина“, рекол Обама и додал дека Парискиот договор за климатски промени во 2015 година е првиот чекор во правата насока, но само прв чекор.
Според него, оддржливоста на животната средина ќе се постигне кога лидерите ќе ги усвојат новите технологии, но дека тоа бара политичка и општествена посветеност, која моментно не постои.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко: Следува нуклеарна апокалипса, третата светска војна мора да се спречи
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека не треба да се дозволи да избие трета светска војна, бидејќи во спротивно нуклеарна апокалипса е неизбежна.
„Треба да направиме се за да ја спречиме третата светска војна. Во спротивно, нуклеарна апокалипса е неизбежна. Затоа сите треба да се обединиме“, рече Лукашенко на церемонијата на положување цвеќе на Споменикот на победата како дел од патриотската кампања „Белорусија се сеќава“ во Минск.
Тој посочи дека човештвото веќе еднаш во својата историја успеа да се обедини против општото зло, што доведе до победа.
Во исто време, Лукашенко додаде дека колективниот Запад, исто како и пред почетокот на Втората светска војна, е подготвен да се реши од секое зло заради зачувување на доминацијата и личниот профит.
По повод заедничките воени вежби меѓу Москва и Минск за употреба на тактичко нуклеарно оружје, Лукашенко изјави дека Русија и Белорусија немаат намера никого да нападнат.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Белорусија ќе и се придружи на Русија во втората фаза од вежбите за тестирање на употреба на нестратешко нуклеарно оружје.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.